EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Црна хроника

72-годишен битолчанец осомничен за силување на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик“, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ЈО, на 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена како мерка за негово обезбедување во текот на постапката.​

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НБА ги изрече казните: Јокиќ еден натпревар на ладење, за Морис парична казна

Angela

На секоја цигара ќе има предупредување за опасностите од тутунот- оваа земја прва ги воведува ознаките

Angela

БАНКРОТИРАЛА, А НЕ ЗНАЕЛА: Лејди Гага лошите вести ги дознала од нејзиниот тим, призна колкав долг имала

Angela