Шведскиот победник на Евровизија од пред 8 години, Монс Зелмерлоу на својот Инстаграм профил им се пожали на следбениците од овогодинешните организатори на Евровизија во Ливерпул.
Иако тој победи во 2015 година со песната „Heroes“, а година дена потоа доби и улога на водител на шоуто, сега добил вистинска шлаканица од организаторите на шоуто.
View this post on Instagram
Имено на него не му било дозволено да се акредитира и да присуствува без да плати карта за ова шоу.
„Драги Монс, жал ни е што мораме да ти го кажеме ова. Твоето барање за акредитирање е одбиено. Јасно е дека може си разочаран од овој гест“, пишува во пораката од нив.
View this post on Instagram
По ова веднаш неговите следбеници порачаа дека „ова мора да е шега“, „ја заслужуваш таа акредитација“, „нема врска и така до година ќе ја водиш Евровизија“, се само дел од коментарите.