Неонатална хипогликемија - Статија на Спец. Д-р Јулија Ранѓеловиќ - педијатар во Неуромедика

Не постои универзална дефиниција за хипогликемија во неонаталната возраст, постојат одредени протоколи според кои мора да се одржи одредено ниво на глукоза во крвта  во неонаталниот период за да се превенира нарушување  на мозочниот развој кај детето. Одржување на нормално ниво на глукоза во крвта е варијабилно и зависи од повеќе фактори како родилна тежина, гестациска возраст, резервите на телото, статусот на хранење, како и присуство или отсуство на болест.

Неонатална хипогликемија се дефинира како глукоза под 30мг/дл (1,65ммол/л) во првите 24 часа или помалку од 45мг/дл(2,5ммол/л) по 24 часа, и е еден од најчестите метаболички проблеми во неонатолошката возраст.

Главни долгорочни секвели од хипогликемијата вклучуваат ментална ретардација, конвулзивни пристапи, развојни нарушувања.

Скрининг за хипогликемија – Се смета дека најниски нивоа на глукоза се забележува првите 2 часа од животот. Се прави скрининг на новородени со ризик (новородени со ниска родилна тежина (под 2000гр.), предвремено родени деца, деца мали за гестациската возраст, доенчиња од мајки со дијабет, доенче големо за гестациската возраст , доенче со рх хемолитичка болест, доенчиња со интраутерина ретардација во растот, деца со перинатална асфиксија, полицитемија, сепса, шок, деца на тотална парентерална исхрана).

Се проверува гликемијата на 2, 6, 12, 24, 48 и 72часа, со знаци за инфекција на секој 6 до 8 часа, стабилни деца со многу мала родилна тежина на парентерална исхрана првите 72 часа од раѓање секој 6 до 8 часа, по 72 часа од раѓање еднаш на ден.

Деца каде не е потребен скрининг – кај термински здрави новородени на доење со соодветна тежина на гестациската старост. Но, кај термиско новородено со слаб внес храна, недоволна лактација или стрес од хипотермија треба внимателно да се следи гликемијата  заради ризик од хипогликемија.

Клинички знаци асоцирани со хипогликемија

Може да биде асимптоматска кога се намалени вредностите на гликемијата  но немаме видливи  клинички знаци; и

Симптоматска хипогликемија – се карактеризира со разновидни  симптоми како појава на ступор, тремор, апатија, епизоди на цијаноза, конвулзии, интермитентни апноични кризи, тахипнеа, слаб пискав плач, летаргија, потешкотии при хранење, патолошки движења на очите,  нагло бледило, хипотермија кардиак арест.

Третман на хипогликемијата

При асимптоматска хипогликемија се прави обид за орален внес на храна, при што  доењето е најдобар избор, кај новородено со слаб рефлекс за цицање измолзено млеко. Мајчиното млеко ја стимулира кетогенезата (кетоните се алтернативен извор за мозокот заедно со пируватите, слободните масни киселини, глицерол, амино киселини), но доколку нема мајчино млеко се даваат адаптирани млечни формули.

По внес на храна по еден час се прави проверка на гликемијата, ако нема корекција се превземаат чекори како при симптоматска хипогликемија.

Терапија на симптоматска хипогликемија

Кај доенчињата со знаци за хипоглкемија  треба да се третират со интравенски течности. Кај симптоматска хипогликемија вклучувајќи конвулзии, болус од 2мл/кг 10% глукоза (200мг/кг). Тој мини болус помага во рапидна корекција на нивото на глукоза во крвта. По внес на тој болус се продолжува со континуирана глукозна инфузија 6-8 мг/кг/мин. Се прави проверка на глукозата по 30-60 во мин, а потоа на секој 6 часа до постигнување на ниво на глукозата повеќе од 50мг/дл.

Ако вредноста на глукозата е под 45мг/дл покрај болус и глукозната инфузија, глукозата се зголемува во чекор од 2 мг/кг /мин секој 15 до 30 мин до максимум од 12 мг/кг/мин.

По 24 часа од ив глукозна терапија, ако една или две последователни гликемии се над 50 мг/дл се намалува инфузијата на 6-8 мг/кг/мин на 6 часа, пратено со внес на храна. Со постигнување на ниво на гликемијата од 4мг/кг/мин, адекватен перорален внес на храна и ниво на глукозата над 50мг/дл може да се прекине инфузијата.

Важно е да се обезбеди континуирана глукозна инфузија со инфузиона пумпа и без прекини во давањето. Не смее нагло да се прекине глукозната инфузија бидејќи може да настане нагла хипогликемија. Се избегнува внес на глукозен раствор  над 12,5 % декстроза ив заради можна појава на тромбофлебитис.

Рекурентна / резистентна хипогликемија

Оваа состојба да се разгледа кога доенчето не одржува нормално ниво на глукоза или кога стабилизацијата не е постигната за 7 дена.

Важни причини за резистентна хипогликемија – конгенитален хипопитуитаризам,  адренална инсуфициенција, состојба на хиперинсулинемија, галактоземија, метаболни заболувања.

Иследувања потребни при резистентна хипогликемија

Ниво на инсулин, кортизол, хормон за раст, амониум, ниво на лактати, присуство на кетони и редуцирачки супстанци во урина, слободни масни киселини.

Лекови кои се користат

Хидрокортизон 5 мг/кг/ден ив или пер ос

Диазоксид пер ос 10-25мг/кг/ден кој ги држи Катп канали на панкреасот отворени и редуцира секреција на инсулин, корисен при инсулиноми

Глукагон – кој ги мобилизира хепаталните гликогени резерви потикнува глуконеогенеза и промовира кетогенеза.

Октреотид (синтетски соматостатин) 

Исходот од неонаталната хипогликемија е детерминиран од повеќе фактори како времетраеењето, степенот на хипогликемијата, церебралниот проток, церебралната утилизација на глукозата  и коморбидитетите.

Потребно е внимателно следење на невролошкиот развој и моторните перформанси кај детето контролни проверки на видот и слухот.

Статија на Спец. Д-р Јулија Ранѓеловиќ - педијатар во Неуромедика

Лош шеф: Како да се справите?

Сите мечтаеме да имаме добар шеф, кој ќе нè мотивира, ќе ни помага и ќе нè инспирира. Но, не сме сите толку големи среќнички. Ако и вие наидовте на лош шеф, пред да отворите војна со него, потребно е да разберете која е причината за неговото лошо, несоодветно однесување.

ЗОШТО ВАШИОТ ШЕФ Е ЛОШ?

Со лошиот шеф треба да се справите на правилен начин.

Некои шефови се лоши по природа, дури и во својот приватен живот. Многу често тие имаат проблеми во односите со другите луѓе и се чувствуваат несреќни. Сакаат да доминираат над другите и секогаш се потсмеваат со вработените кои се „под нив“.

Има и такви шефови кои не сакаат да бидат лоши. Често тие не осознаваат дека предизвикуваат дополнителен стрес кај своите вработени. Дури сметаат дека сè што прават е правилно и дека се добри лидери.

За да ја изберете точната стратегија за справување со вашиот шеф, потребно е да знаете што го предизвикува неговото несоодветно однесување, со кое си ја заслужува етикетата „лош шеф“.

Унапреден поради погрешни причини. Многу често во нашата држава се случува да добиете шеф, кој воопшто нема познавања од областа во која работи и не знае како треба да биде добар лидер. Политичките или роднинските врски си го прават своето, а вие лесно можете да завршите со неподготвен шеф, кој се прави нешто што не е.

Отсуство на фидбек. Многу шефови не знаат многу работи, затоа што никој не се осудува да им ги каже. Овој тип шефови не сакаат да слушаат совети или препораки од своите вработени, а со тоа ја уништуваат комуникацијата и не добиваат фидбек. Тие сметаат дека се добри лидери и дека не треба ништо да променат, затоа што никој им ја нема кажано вистината.

Намалување на комуникацијата „лице во лице“. Во денешно време, најголем дел од комуникацијата во фирмите се прави по електронски пат. Кога вашиот шеф сака да ја зголеми комуникацијата, тој праќа почесто e-mail. Отсуството на директен контакт, создава бариера во разговорите и разбирањето. Таа грешка на шефовите, води до нивен лош однос со вработените.

Микроменаџмент. Вашиот шеф сака да биде дел од секој детаљ и секоја одлука во компанијата, без разлика колку незначајна е таа. Можеби тоа е поради некој негов пропуст во минатото, кој не сака повеќе да си го дозволи. Затоа сега постојано „ви виси над главата“ и се разлутува секогаш кога ќе пропуштите да го информирате за нешто.

Лош карактер. Некои шефови едноставно се лоши и во нивниот професионален и во нивниот личен живот. Тие уживаат кога има некој над кого имаат авторитет и власт и го искористуваат тоа. Овој тип на шефови се најлоши, затоа што дури и да се претставувате најдобро, тие никогаш нема да бидат задоволни и да го променат однесувањето кон вас.

Постојат уште многу различни причини, кои го прават вашиот шеф лош, но сега поважно е да научите како да се справите со тој проблем.

5 секс факти за мажите

Фантазира ли тој за вашата згодна пријателка? Зошто наутро неговиот најдобар пријател е толку возбуден? Може ли да се оствари најлошиот машки сон – фрактура на пенисот?

Во продолжение следуваат одговорите на овие и уште неколку прашања за мажите и сексот.

Неговата мастурбација... може ли да е штетна? Мажите обожаваат да се самозадоволуваат и сите го прават тоа. Не му верувајте на маж кој тврди дека не мастурбира. Некои го прават тоа поретко, а други се задоволуваат и неколку пати дневно. Честото мастурбирање нема да има негативен ефект врз неговото здравје, но може да има врз вашиот љубовен живот. Мажите кои често се самозадоволуваат потешко постигнуваат оргазам кога се со својата партнерка.

Утринската ерекција... дали е резултат на еротски сон? Мажите произведуваат најмногу тестостерон наутро. Повеќето од нив се будат со еректиран пенис и тоа не значи дека ги сонувале ангелите на Victoria’s Secret. Ерекцијата може да биде последица на влажен сон, но не е задолжително. Просечниот маж може да има до 6 ерекции во текот на спиењето, кои најчесто траат од 20 до 50 минути. Неговата утринска ерекција е показател дека тој е здрав и дека произведува нормални количества тестостерон.

Пенисот... може ли да се скрши? Пенисот не е коска, но можно е да се скрши. Тоа најчесто се случува за време на многу агресивен сексуален однос. Во таков случај потребна е лекарска интервенција, бидејќи тоа може да доведе до трајна еректилна дисфункција.

Пенетрација, фелацио или стимулација со рака? Претпоставувате дека стимулацијата со рака нема да му донесе најголемо задоволство. Вашите техники тешко ќе успеат да бидат толку пријатни како тактиките што ги користи кога се самозадоволува, бидејќи тој најдобро знае што му е убаво, а што не. Оралниот сексможе да го однесе во облаците, но ништо не може да му достави толкаво задоволство како пенетрацијата.

Сексуални пози... има ли омилена? Не му го скратувајте задоволството што го носи кучешката поза. Мажите обожаваат да се одназад, но и најголем дел од жените немаат ништо против. Кучешката поза носи обострано задоволство. На мажот затоа што му нуди длабока пенетрација и чувство за доминација и контрола, а на жената затоа што овозможува подобра стимулација на Г-точката.

Астрологија и здравје? - Што открива месецот на раѓање за вашето здравје

Истражување спроведено од научници од Универзитетот „Колумбија“ укажува на врскате меѓу месецот на раѓање и човековото здравје.

Експертите тврдат дека токму месецот на раѓање има влијание на развојот на некои болести. 

Доктор Николас Татонети, професор на Медицинскиот центар на Универзитетот „Колумбија“, со својот експертски тим, гп истражувал влијанието на месецот на раѓањето врз развојот на некои болести.

Тие проучувале медицински картони на над милион пациенти лекувани во Њујоршката презбитеријанска болница од 1985 до 2013 година. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со тие од истражувањата кои биле претходно спроведени во Шведска, Данска и Австрија.

Експертите тврдат дека многу поголеми шанси да заболат од астма имаат луѓе кои се родени меѓу јули и октомври, а ризик за развивање на нарушувања кај хиперактивноста и дефицит на внимание има кај лица родени во ноември. 

Луѓето родени во март почесто добиваат аритмија, конгестивен застој на срцето и болести на срцевите комори. Добра вест за луѓето родени во мај е дека шансите да заболат од хронични болести се многу мали, за разлика од родените во октомври.

„Овие податоци ќе им помогнат на научниците да откријат нови фактори кои влијаат на развој на некои болести. Важно е сега луѓето премногу да не се вознемируваат поради овие резултати. Иако најдовме значајни врски, генерално гледајќи, ризикот за заболување е навистина мал. Посебно ризикот поврзан со месецот на раѓање во споредба со многу повлијателните фактори, како исхраната и физичката активност“, заклучува Татонети. 

Најчитани

Твитови