Препораки за пациенти со бубрежни заболувања за време на пандемијата од корона вирусот

Коронавирус инфекцијата може да претставува сериозна закана за пациентите со бубрежни заболувања, особено за пациентите кои се на дијализа или се со трансплантиран бубрег. За таа цел од Универзитетската клиника за нефрологија се изготвени препораки за пациентите со бубрежни заболувања, вклучувајќи ги пациентите на дијализа (перитонеална или хемодијализа) и пациентите со трансплантиран бубрег.

Сите пациенти треба да продолжат да ја земаат досега препишаната терапија во препишаните дози, вклучувајќи ги и антихипертензивните лекови од групата на АКЕ инхибитори, додека нивните доктори не препорачаат поинаку. Пациентите на хемодијализа може да развијат поблаги симптоми во однос на другите пациенти со корона вирусна инфекција. Трансплантираните пациенти треба да ги преземат и сите неопходни мерки за превенција дадени за општата популација.

За пациетите на хроничен хемодијализен програм се наменети следните препораки:

- Пациентите кои имаат треска, висока температура или респираторни симптоми (кашлица, отежнато дишење) претходно треба да се најават во нивните дијализни центри пред да пристигнат, каде ќе бидат прегледани во посебна просторија независна од салата каде се води дијализа и ќе им се земат анализи за COVID-19 инфекција. Овие пациенти се дијализираат во издвоена просторија од останатите пациенти во тек на 14 дена.

- Во однос на местото за дијализирање, процесот на дијализирање на пациентите со суспектна корона инфекција треба да продолжи во истиот центар, односно да не се препраќаат во други центри.

- Во однос на транспортот на пациенти, заради намалување на ризикот од проширување на инфекцијата од евентуално заразен пациент со COVID-19, пациентите кои доаѓаат до центарот за дијализа и од центарот кон местото на живеење, ќе бидат транспортирани во преполовен број, односно во такси возило најмногу двајца пациенти, а во комбе најмногу четворица. Сите пациенти потребно е да носат заштитна маска ( по можност хируршка), а исто така и возачот.

- За понатамошен третман, пациентите со потврдена COVID-19 инфекција ќе бидат упатени во специјализирана болница за третман на инфицирани пациенти.

За пациентите кај кои е извршена трансплантација се наменети следните препораки:

- Доколку трансплантираните пациенти почувствуваат симптоми како покачена температура, треска и кашлица, потребно е прво да се јават телефонски на Клиниката за нефрологија (контакт тел. 070 387 054), со цел да се избегне контакт со други пациенти и да се спречи потенцијалното ширење на инфекцијата.

- Пациентите кои се вратени од странство, треба да поминат 14-дневна изолација, како што важи и за општата популација.

- Пациентите со трансплантиран бубрег на Клиниката за нефрологија кои ќе имаат потреба од друг каков било третман ќе бидат сместени во соба за изолација, независно од останатите пациенти.

- Пациентите кои треба да се јават во болница или институт за каков каков третман или земање брис за COVID-19, потребно е да носат заштитни маски.

Во услови на прогласена пандемија со вирусот COVID-19, научните сознанија покажуваат дека одредени групи пациенти со придружни заболувања (дијабет, хипертензија, кардиоваскуларни, бубрежни заболувања) се почувствителни на COVID-19 инфекција и можат да развијат посериозно заболување. Токму затоа, од исклучителна важност е почитувањето на стручните препораки за заштита и превенција од вирусот:

- Мијте ги рацете почесто користејќи сапун, најкратко 20 секунди

- Користете средство за дезинфекција со 60 % алкохол доколку немате сапун

- Не ги допирајте носот, очите и устата

- Држете дистанца од другите луѓе од најмалку 1,5 - 2 метри

- Кога кашлате или кивате, користете марамче или во свиткан лакт

- Не допирајте предмети кога се движите надвор

- Излегувајте само по неопходни работи и кратко

- Останете дома и заштитете се себеси и останатите во заедницата.

Според досегашните сознанија, од пациентите кои развиваат сериозна инфекција со корона вирус и имаат потреба од хоспитализација, бубрежни нарушувања се регистрирани кај 25-50% од нив, а се манифестираат со поголема екскреција на протеини и црвени крвни клетки во урината. Само мал процент од пациентите (<15%) развиваат намалување во функцијата на бубрезите, односно акутно бубрежно оштетување. Досега не е евидентирано долгорочно оштетување кај пациентите кои се излечиле од тешка форма на корона инфекцијата со последици на бубрежната функција.

Лош шеф: Како да се справите?

Сите мечтаеме да имаме добар шеф, кој ќе нè мотивира, ќе ни помага и ќе нè инспирира. Но, не сме сите толку големи среќнички. Ако и вие наидовте на лош шеф, пред да отворите војна со него, потребно е да разберете која е причината за неговото лошо, несоодветно однесување.

ЗОШТО ВАШИОТ ШЕФ Е ЛОШ?

Со лошиот шеф треба да се справите на правилен начин.

Некои шефови се лоши по природа, дури и во својот приватен живот. Многу често тие имаат проблеми во односите со другите луѓе и се чувствуваат несреќни. Сакаат да доминираат над другите и секогаш се потсмеваат со вработените кои се „под нив“.

Има и такви шефови кои не сакаат да бидат лоши. Често тие не осознаваат дека предизвикуваат дополнителен стрес кај своите вработени. Дури сметаат дека сè што прават е правилно и дека се добри лидери.

За да ја изберете точната стратегија за справување со вашиот шеф, потребно е да знаете што го предизвикува неговото несоодветно однесување, со кое си ја заслужува етикетата „лош шеф“.

Унапреден поради погрешни причини. Многу често во нашата држава се случува да добиете шеф, кој воопшто нема познавања од областа во која работи и не знае како треба да биде добар лидер. Политичките или роднинските врски си го прават своето, а вие лесно можете да завршите со неподготвен шеф, кој се прави нешто што не е.

Отсуство на фидбек. Многу шефови не знаат многу работи, затоа што никој не се осудува да им ги каже. Овој тип шефови не сакаат да слушаат совети или препораки од своите вработени, а со тоа ја уништуваат комуникацијата и не добиваат фидбек. Тие сметаат дека се добри лидери и дека не треба ништо да променат, затоа што никој им ја нема кажано вистината.

Намалување на комуникацијата „лице во лице“. Во денешно време, најголем дел од комуникацијата во фирмите се прави по електронски пат. Кога вашиот шеф сака да ја зголеми комуникацијата, тој праќа почесто e-mail. Отсуството на директен контакт, создава бариера во разговорите и разбирањето. Таа грешка на шефовите, води до нивен лош однос со вработените.

Микроменаџмент. Вашиот шеф сака да биде дел од секој детаљ и секоја одлука во компанијата, без разлика колку незначајна е таа. Можеби тоа е поради некој негов пропуст во минатото, кој не сака повеќе да си го дозволи. Затоа сега постојано „ви виси над главата“ и се разлутува секогаш кога ќе пропуштите да го информирате за нешто.

Лош карактер. Некои шефови едноставно се лоши и во нивниот професионален и во нивниот личен живот. Тие уживаат кога има некој над кого имаат авторитет и власт и го искористуваат тоа. Овој тип на шефови се најлоши, затоа што дури и да се претставувате најдобро, тие никогаш нема да бидат задоволни и да го променат однесувањето кон вас.

Постојат уште многу различни причини, кои го прават вашиот шеф лош, но сега поважно е да научите како да се справите со тој проблем.

5 секс факти за мажите

Фантазира ли тој за вашата згодна пријателка? Зошто наутро неговиот најдобар пријател е толку возбуден? Може ли да се оствари најлошиот машки сон – фрактура на пенисот?

Во продолжение следуваат одговорите на овие и уште неколку прашања за мажите и сексот.

Неговата мастурбација... може ли да е штетна? Мажите обожаваат да се самозадоволуваат и сите го прават тоа. Не му верувајте на маж кој тврди дека не мастурбира. Некои го прават тоа поретко, а други се задоволуваат и неколку пати дневно. Честото мастурбирање нема да има негативен ефект врз неговото здравје, но може да има врз вашиот љубовен живот. Мажите кои често се самозадоволуваат потешко постигнуваат оргазам кога се со својата партнерка.

Утринската ерекција... дали е резултат на еротски сон? Мажите произведуваат најмногу тестостерон наутро. Повеќето од нив се будат со еректиран пенис и тоа не значи дека ги сонувале ангелите на Victoria’s Secret. Ерекцијата може да биде последица на влажен сон, но не е задолжително. Просечниот маж може да има до 6 ерекции во текот на спиењето, кои најчесто траат од 20 до 50 минути. Неговата утринска ерекција е показател дека тој е здрав и дека произведува нормални количества тестостерон.

Пенисот... може ли да се скрши? Пенисот не е коска, но можно е да се скрши. Тоа најчесто се случува за време на многу агресивен сексуален однос. Во таков случај потребна е лекарска интервенција, бидејќи тоа може да доведе до трајна еректилна дисфункција.

Пенетрација, фелацио или стимулација со рака? Претпоставувате дека стимулацијата со рака нема да му донесе најголемо задоволство. Вашите техники тешко ќе успеат да бидат толку пријатни како тактиките што ги користи кога се самозадоволува, бидејќи тој најдобро знае што му е убаво, а што не. Оралниот сексможе да го однесе во облаците, но ништо не може да му достави толкаво задоволство како пенетрацијата.

Сексуални пози... има ли омилена? Не му го скратувајте задоволството што го носи кучешката поза. Мажите обожаваат да се одназад, но и најголем дел од жените немаат ништо против. Кучешката поза носи обострано задоволство. На мажот затоа што му нуди длабока пенетрација и чувство за доминација и контрола, а на жената затоа што овозможува подобра стимулација на Г-точката.

Астрологија и здравје? - Што открива месецот на раѓање за вашето здравје

Истражување спроведено од научници од Универзитетот „Колумбија“ укажува на врскате меѓу месецот на раѓање и човековото здравје.

Експертите тврдат дека токму месецот на раѓање има влијание на развојот на некои болести. 

Доктор Николас Татонети, професор на Медицинскиот центар на Универзитетот „Колумбија“, со својот експертски тим, гп истражувал влијанието на месецот на раѓањето врз развојот на некои болести.

Тие проучувале медицински картони на над милион пациенти лекувани во Њујоршката презбитеријанска болница од 1985 до 2013 година. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со тие од истражувањата кои биле претходно спроведени во Шведска, Данска и Австрија.

Експертите тврдат дека многу поголеми шанси да заболат од астма имаат луѓе кои се родени меѓу јули и октомври, а ризик за развивање на нарушувања кај хиперактивноста и дефицит на внимание има кај лица родени во ноември. 

Луѓето родени во март почесто добиваат аритмија, конгестивен застој на срцето и болести на срцевите комори. Добра вест за луѓето родени во мај е дека шансите да заболат од хронични болести се многу мали, за разлика од родените во октомври.

„Овие податоци ќе им помогнат на научниците да откријат нови фактори кои влијаат на развој на некои болести. Важно е сега луѓето премногу да не се вознемируваат поради овие резултати. Иако најдовме значајни врски, генерално гледајќи, ризикот за заболување е навистина мал. Посебно ризикот поврзан со месецот на раѓање во споредба со многу повлијателните фактори, како исхраната и физичката активност“, заклучува Татонети. 

Најчитани

Твитови