Астрологија и здравје? - Што открива месецот на раѓање за вашето здравје

Истражување спроведено од научници од Универзитетот „Колумбија“ укажува на врскате меѓу месецот на раѓање и човековото здравје.

Експертите тврдат дека токму месецот на раѓање има влијание на развојот на некои болести. 

Доктор Николас Татонети, професор на Медицинскиот центар на Универзитетот „Колумбија“, со својот експертски тим, гп истражувал влијанието на месецот на раѓањето врз развојот на некои болести.

Тие проучувале медицински картони на над милион пациенти лекувани во Њујоршката презбитеријанска болница од 1985 до 2013 година. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со тие од истражувањата кои биле претходно спроведени во Шведска, Данска и Австрија.

Експертите тврдат дека многу поголеми шанси да заболат од астма имаат луѓе кои се родени меѓу јули и октомври, а ризик за развивање на нарушувања кај хиперактивноста и дефицит на внимание има кај лица родени во ноември. 

Луѓето родени во март почесто добиваат аритмија, конгестивен застој на срцето и болести на срцевите комори. Добра вест за луѓето родени во мај е дека шансите да заболат од хронични болести се многу мали, за разлика од родените во октомври.

„Овие податоци ќе им помогнат на научниците да откријат нови фактори кои влијаат на развој на некои болести. Важно е сега луѓето премногу да не се вознемируваат поради овие резултати. Иако најдовме значајни врски, генерално гледајќи, ризикот за заболување е навистина мал. Посебно ризикот поврзан со месецот на раѓање во споредба со многу повлијателните фактори, како исхраната и физичката активност“, заклучува Татонети. 

Хороскопските знаци и бракот!

Овен

Мажот Овен лесно се одлучува за брак, не бега од одговорностите и сака да доминира. Покрај себе сака убава и паметна сопруга, која ќе му даде доволно слобода. Често се случува да бара дополнително задоволство надвор од домот.

Жената Овен секогаш ќе ги подржува амбициите на партнерот, бидејќи покрај себе сака успешен сопруг. Ќе ги исполнува сите брачни обврски, но нема да сака да се откаже од своите интереси. Активна е и секогаш добро организирана. Склона е на љубоморни испади.

Бик

Мажот Бик е многу посветен на сопругата и децата. Секогаш се труди на семејството да му обезбеди сè најдобро во животот. По природа е мирен и добродушен. Мажот Бик е еден од најстраствените мажи во хороскопот.

Жената Бик истото така е посветена на брачната заедница и подготвена е да жртвува сè само за да ја сочува хармонијата. Ја подржува изреката дека љубовта доаѓа од стомакот, па затоа таа е одлична домаќинка. Од сопругот очекува да биде успешен и да и овозможи сигурност.

Близнаци

Мажот Близнак не е најидеален партнер за брак. Животот со нив може да ви биде убав, интересен и опуштен, но покрај себе сакаат да имаат сопруга која нема да ги ограничува. Од друга страна пак, Близнаците и на својата сопруга и даваат потполна слобода. Шармантен е и сака да флертува.

Жената Близнак по малку е несигурна, но подготвена е да се менува во име на бракот. Често многу е приврзана за својот сопруг. На жената во овој хороскопски знак и одговараат мажи кои можат интелектуално да ја предизвикуваат. Не е тип на сопруга која ќе даде сè за семејството.

Рак

Мажот Рак е традиционален и силно се приврзува за семејството, но за семејството од кое потекнува. Иако важи за идеален партнер, не е лесно да се живее со него. Најмногу време сака да поминува дома и знае да биде вистински домаќин.

Жената Рак е чувствителна и верна на својот сопруг. Таа пред сè е мајка која е полна со љубов и разбирање. Семејството ѝ е најважно. Бара сопруг кој во секој момент ќе и биде потпора и ќе ја заштитува. Лесно стапува во брак и уште полесно се препушта на иницијативата на партнерот.

Лав

Мажот Лав сака да биде центар на светот на својата сопруга. Смета дека сите во семејството треба да му бидат подредени. Како родител воопшто не е строг, бидејќи самиот е едно големо дете. Неговата сопруга мора да биде убава, негувана и секогаш дотерана.

Жената Лав е организирана и секогаш наоѓа време за сè, па домашните обврски никогаш не ги запоставува. За амбициозните мажи таа е идеална прилика. Нејзината појава ги воодушевува сите, па со гордост ќе можете да ја покажете на семејството и пријателите. Лојална е и страствена.

Девица

Мажот Девица во бракот сигурно ќе биде највредниот маж кој некогаш сте го запознале и некој кој на прв поглед сите би го посакале. Не е посесивен, но не е ни посебно страствен. Често е конзервативен со сфаќањата и не е многу романтичен.

Жената Девица е аналитична и доколку не се одлучи за брак од интерес, тогаш во брачната заедница таа е чувствителна сопруга и мајка. Способна е сè да држи под контрола. Од мажот очекува да биде одговорен. Често делува како ладна личност и физичкото задоволство не и е примарно.

Вага

Мажот Вага е вистински уметник во љубовта, но не е некој на кого му одговара брачниот живот. Тешко се прилагодува. Го привлекуваат жени кои се грижат за сопствениот изглед и кои умеат да се спротивстават кога е потребно. Страсни се, но и неверни.

Жената Вага привлечна и софистицирана жена која секогаш е опкружена со додворувачи. Таа е идеал за кој сонуваат сите мажи. Во бракот тежнее кон хармонија. Жената Вага е вистинска дама која не преферира да ги извршува домашните работи. Сопругот треба да ја и обезбеди луксузен живот.

Скорпија

Мажот Скорпија е посесивен и љубоморен сопруг. Со него тешко може да се достигне среќа во бракот. Непријатните ситуации можат да се избегнат доколку сопругата постојано му ја покажува својата голема љубов. Не сака ладни и доминантни жени, бидејќи смета дека е „глава“ на семејството.

Жената Скорпија сериозно му пристапува на бракот. Партнерот го одбира со срцето, а не разумот. Подготвена е да направи сè за да ги усреќи сопругот и децата. Од друга страна, очекува да биде сакана и бескрајно почитувана.

Стрелец

Мажот Стрелец е роден авантурист како во животот, така и во љубовта. Не тежнее кон брак по секоја цена. Неговата сопруга мора да биде елоквентна, забавна и способна да функционира и без него. На љубовта гледа потполно различно од другите, а љубомората воопшто не ја толерира.

Жената Стрелец пред се е мудра и пријателски настроена како сопруга. Во состојба е да го следи секаде својот партнер. Во бракот не поднесува монотонија и сè ќе направи заедничкиот живот да не ѝ биде досаден. Потребен ѝ е некој кој знае како да се забавува.

Јарец

Мажот Јарец најчесто е посветен на својата кариера, па доста доцна стапува во брак. Сопругата покрај него секогаш ќе чувствува сигурност, но ќе биде лишена од емотивни изливи на нежности. Несвесно секогаш одбира жена која сака да доминира, но очекува и неговите правила да ги почитува.

Жената Јарец е како создадена за мажот кој сака мирен семеен живот без возбудувања. Мажот може да биде целосно сигурен во нејзината верност. Сепак, како сопруга, таа е ладна и воздржана. Не умее да ги покаже своите емоции, дури и тогаш кога е заљубена.

Водолија

Мажот Водолија е непредвидлив и не е идеален за брак. Неговата избраничка не треба да ги отвори сите карти, ако сака да го задржи неговото внимание, бидејќи тој лесно може да се насочи кон некоја личност која е позабавна, поспособна и интересна.

Жената Водолија е едноставна, необична и секогаш пријателски настроена кон својот сопруг. Од бракот бега сè додека не се појави оној Вистинскиот. Во кујната не се снаоѓа најдобро, но затоа ништо не крие и не се срами да ги покаже своите емоции. Склона е кон авантури, ако чувствува дека нејзиниот живот станал рутина.

Риби

Мажот Риби е еден од најдобрите кандидати за брак. Подготвен е да ги исполнува сите желби на својата сопруга, ако има можност за тоа. Најголемиот дел од времето сака да го поминува со своето семејство. Тешко се одлучува да го ризикува брачниот живот за љубовница.

Жената Риби е толку страствена што сите други жени ги фрла во сенка. Често нема доволно сила и волја своите фантастични идеи да ги спроведе во реалноста, па потребен и е маж кој ќе ја води низ животот. Од бракот не се откажува дури и кога чувствува дека повеќе среќа би нашла на некое друго место.

Секој хороскопски знак има свој скапоцен камен - чувар!

ОВЕН

Дијамант е зодијачкиот заштитник на овните. Традиционално тој е симбол за чистотата и невиноста. Според легендата, тој го штити оној кој го носи на левата страна на телото.

БИК

На бикот му одговара смарагдот. Овој скапоцен камен е симбол на константна и вистинска среќа за сите бикови. Ако е добро обработен, тој има голема сила за да го врати изгубениот вид. Легендата вели дека Нерон го носел секогаш за време на гладијаторските борби за подобро да гледа.

БЛИЗНАЦИ

Камен заштитник за близнаците е ахатот. Тој е полускапоцен камен чии мистични својства носат здравје и долг живот на оние кои го носат, а особено близнаците. Порано се верувало дека овој камен носи способност за ораторство и дека го штител сопственикот од главоболка.

РАК

Рубинот е среќен камен на родените во овој знак. Овој светликав камен варира од розова до темно црвена боја и е симбол на слобода, достоинство и силата. Освен тоа е заштитник на љубовта тој дава моќ да се врати изгубената љубов.

ЛАВ

Заштитник камен за лавовите е Сардониксот. Овој убав црвено-кафен полускапоцен камен ја чува храброста и силата. Заштитник е на бракот и дамата која го носи на венчавката се верува дека ќе има среќен брак.

ДЕВИЦА

Хризолитот е заштитен камен на овој знак и има зеленкасто-жолта боја. Симбол е на среќата и верноста. Особено е среќен за девиците, но можат да го носат и лавовите. Во минатото се сметало дека бил корисен за да ги брак духовите и да осигура цврст сон.

ВАГА

Опалот е среќен камен за вагите. Порано го нарекувале камен на надежта, тој светка дури и кога не е обработен. На исток долго време верувале дека ги подобрува видот и меморијата.

СКОРПИЈА

Топазот ја чува шкорпијата. Тој е полудраг камен кој може да биде жолта, бела, розева или некоја друга боја. Заштитник е на љубовта, лојалноста и успехот на работата.

СТРЕЛЕЦ

Заштитник на стрелецот е Тиркизот. Тоа е полускапоцен камен со прекрасна сина боја. Коњаниците го сметале за свој талисман бидејќи верувале дека ги чувал и коњите и јавачите на нивните чести и долги патувања. Се верува дека штити од љубомора.

ЈАРЕЦ

Среќен камен за јарецот е Гранатот. Станува збор за полускапоцен камен со темноцрвена боја. Симбол е на верноста, квалитет според кој јарците најмногу се почитуваат. Старите римјани, Грци и Египќани го сметале за камен владатар кој носи сила, моќ и лојалност.

ВОДОЛИЈА

Главен заштитник на луѓето родени во овој знак е Аметистот, полускапоцен камен со прекрасна розова и понекогаш виолетова боја. Се сметало дека со неговата мистична моќ инспирира на добрина и високи идеални. Традиционално Аметистот е камен љубовник, а старите Грци ги штител од труење, пијанство и мамурлак.

РИБИ

На рибите како воден знак најмногу им одговара Аквамаринот. Овој сјаен скапоцен камен името го добил од латинските зборови вода и море бидејќи неговата боја потсетува на бојата на морето. Се верува дека носи хармонија, среќа во брак па затоа одличен избор е за веренички прстен.

Најчитани

Твитови