Ако изнајмувате возило на одмор, овие совети ќе ви ја олеснат работата

Кога патувате надвор од земјата, а притоа изнајмувате возило за да можете да стигнете побрзо до саканата дестинација секогаш е важно да знаете одредени работи. Изнајмувањето на возило е секогаш добар избор за побрзо да посетите поголем број на избрани места, но на тој начин имате и поголема комоција при патувањето.

Исто така автомобилот е многу попрактичен при патувањето со деца со оглед на тоа што ви овозможува да направите пауза секогаш кога ќе ви биде потребно.

При изборот на автомобил за изнајмување, онлајн платформите секогаш ви дозволуваат да ги споредувате понудените автомобили и понуди и тоа да го направите многу лесно и брзо и да можете да го направите најдобриот избор. Сепак, експертите со своите совети помагаат да го направите вистинскиот избор за да можете да имате безбедно и удобрно патување.

За да немате грижи и непријатни изненадувања добро е да ги имате предвид неколку работи и затоа е корисно да ги знаете следните совети.

Земање и враќање на автомобилот

Не забравате да го имате точното време на пристигнување и локацијата од која сакате да го земете и да го вратите автомобилот. Доцнењето при враќањето може да биде причина за наплаќање на дополнителни такси. Најдобро е да резервирате автомобил еден час после пристигнувањето и да одредите време за враќање барем 2-3 часа пред заминувањето.

Број и возраст на возачите

Во најголемиот дел од случаите возачите на возраст меѓу 30 и 65 години не плаќаат дополнителни такси. Помладите возачи, треба да бидат подготвени за повисока наемна цена. Секако обрнете внимание и на дозволениот број на возачи. Обично во стандардната цена е вклучен еден возач со право на управување, додека за вториот се плаќа дополнителна такса.

Видеоигрите предизвикуваат насилно однесување

Некои видеоигри поттикнуваат насилно однесување, пред се кај децата, се наведува во анализата на истржувањето што го спровеле група научници од Универзитетот „Пјер – Мендес“, во францускиот град Гренобл.

Научниците дошле до заклучок дека некои од овие игри ја поттикнуваат иритираноста и го зголемуваат просечното ниво на бесчувствителност на страдање. Со тоа гејмерите стануваат посклони кон вербална агресија и брутално однесување. 

Никогаш не оставајте шише со вода во автомобилот! Ова видео ќе ви покаже што може да се случи!

Во овие жешки денови преплавени сме со советите како мора да внесуваме доволно течности и да бидеме хидрирани. Шишенцата со вода вообичаено ги носиме секаде со нас, а понекогаш ги забораваме и во автомобилот, целосно несвесни дека на тој начин може да предизвикаме голема штета, односно пожар.

Имено, силната сончева светлина која поминува низ шишето со вода како низ лупа, може да го запали седиштето, теписонот или било кој платнен дел од внатрешноста на автомобилот.

На оваа опасност предупредија и многумина преку видео кои веќе пробале дали ова е возможно и верувајте возможно е! Затоа отсега никојпат не ги заборавајте пластичните шишиња во автомобилот. Во спротивно погледнете што би можело да ви се случи…

Најчитани

Твитови