Ќе останете без зборови: По што копнеат бремените жени

Бременоста е состојба во која телото се менува. Меѓутоа, освен физички промени, трудниците многу брзо почнуваат да ги чувствуваат и оние психичките кои се однесуваат на промени на расположението, но и зголемена желба за храна. Ја направивме листата од најчестите, но и најнеобичните желби за храна во текот на бременоста.

Меѓу најнеобичните ефекти кои ги истакнуваат голем број бремени жени е желбата за одредена храна на која пред бременоста можеби никогаш не би помислиле.

Направена е опширна анкета во која мајките требало да напишат список на храна за која во текот на бременоста имаат најголема желба. Иако желбите на бремените жени се различни и често по малку необични, некои одговори често се повторуваат.

Топ пет слатки намирници кои ги сакаат бремените жени:

1. Чоколадо и неговите бројни верзии (топла чоколада, торта, кроасан…)

2. Сладолед – без оглед на годишното време

3. Јагода – свежа, колачи, торти, џем

4. Кафе

5. Фрапе

Топ 5 солени и кисели намирници:

1. Кисели краставички

2. Чипс и слични грицки

3. Лимон

4. Маслинки

5. Помфрит и брза храна

Топ 5 најнеобични желби на бремените жени:

1. Коцки мраз (цицање и грицкање)

2. Лути пиперки ( во јадење или сос)

3. Цвекло (кисело или свежо)

4. Кечап

5. Пеперминт и еукалиптус (мирис и вкус).

21 година подоцна – Ова се актерите од Титаник денеска – (галерија)

Во 1997 година снимен е филм за потонувањето на Титаник и тоа е една од омилените љубовни приказни на сите времиња.

Главните улоги ги имаа Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет. Еве како изгледаат тие, но и поголемиот дел од екипата денес!

Зачувајте ја приватноста на работното место

Ситуација 1:

Ве мачи мамурлак…

Што можете да кажете: Ако сте испиле многу претходната вечер, никому ни збор за тоа. Жена што излегува секоја вечер и пие алкохол никако не остава впечаток на одговорна и вредна личност. Што се однесува до вашиот емотивен живот, во ред е нешто да кажете, но никако детали.

Ситуација 2:

Имате здравствени проблеми

Што можете да кажете: Ако мора да отсуствувате од работното место, тогаш соопштете му ја дијагнозата на претпоставениот. Можете да му се обратите преку мејл за да избегнете евентуална емотивна слабост. На блиските колеги можете да им откриете во каква ситуација сте, но воздржете се од детализирање, бидејќи несвесно ќе почнат да ве доживуваат како болен човек, кој е помалку работоспособен.

Ситуација 3:

Длабоко сте религиозни

Што можете да кажете: Само факти. Понекогаш темата на верата е важна за ситуацијата во која се наоѓате, на пример, постите, а колегите ве поканиле на ручек. Доволно е да се држите до фактите и никого да не притискате да стане верник или да ја смени верата.

Ситуација 4:

Незадоволни сте од работната атмосфера

Што можете да кажете:  Бидете селективни во изборот на соговорниците и на деталите што ќе им ги доверите, под услов да верувате дека ќе ги зачувате за себе. Кога ќе слушнете друго мислење, можеби сè нема да ви изгледа толку црно.

Најчитани

Твитови