Дали може да се изгуби тежина само со пешачење?

Ако започнувате план за губење вишок килограми и почнувате од нула, многу е веројатно дека треба да воведете и физичка активност во својата агенда.

Доколку досега не сте биле регуларно физички активни, не си ги преценувајте способностите со недостижни цели, бидејќи никој не очекува од вас да бидете маратонец, туку можете да почнете само со пешачење.

Во просек, потребни се четири часа физичка активност неделно за да може да бидат ефикасни за губење тежина. Најважен е интензитетот, односно истиот треба да биде прилагоден на вашата физичка состојба во моментот на почетокот на режимот.

Она што е важно да го применувате при пешачењето е да одите со побрз интензитет, да почувствувате дека сте изморени. Пешачењето може да биде одлична аеробичка и анаеробичка вежба, бидејќи активира повеќе групи на мускули наеднаш. Исто така, важна е и конзистентноста, дури и кога ќе почнат да се гледаат првите резултати.

Во комбинација со здрави нутриционистички избори, моќното пешачење ќе има резултати и полесно ќе успеете во својата цел, односно губење на дел од вишокот килограми.

Ќе останете без зборови: По што копнеат бремените жени

Бременоста е состојба во која телото се менува. Меѓутоа, освен физички промени, трудниците многу брзо почнуваат да ги чувствуваат и оние психичките кои се однесуваат на промени на расположението, но и зголемена желба за храна. Ја направивме листата од најчестите, но и најнеобичните желби за храна во текот на бременоста.

Меѓу најнеобичните ефекти кои ги истакнуваат голем број бремени жени е желбата за одредена храна на која пред бременоста можеби никогаш не би помислиле.

Направена е опширна анкета во која мајките требало да напишат список на храна за која во текот на бременоста имаат најголема желба. Иако желбите на бремените жени се различни и често по малку необични, некои одговори често се повторуваат.

Топ пет слатки намирници кои ги сакаат бремените жени:

1. Чоколадо и неговите бројни верзии (топла чоколада, торта, кроасан…)

2. Сладолед – без оглед на годишното време

3. Јагода – свежа, колачи, торти, џем

4. Кафе

5. Фрапе

Топ 5 солени и кисели намирници:

1. Кисели краставички

2. Чипс и слични грицки

3. Лимон

4. Маслинки

5. Помфрит и брза храна

Топ 5 најнеобични желби на бремените жени:

1. Коцки мраз (цицање и грицкање)

2. Лути пиперки ( во јадење или сос)

3. Цвекло (кисело или свежо)

4. Кечап

5. Пеперминт и еукалиптус (мирис и вкус).

Сендвич без леб? Можно е! Еве и како да го направите (видео)

Денес ви го откриваме рецептот за ултрабрзи, лесни и диетални сендвичи без леб!

Бројни истражувања покажуваат дека со топлите денови се зголемува и бројот на огледувања во огледалото кај понежниот, но и кај посилниот пол, и тоа со бројни "очајни звуци" пред одразот.

Сезоната на костимите за капење е веќе отворена. Ако сè уште не сте направиле, сега е дефинитивно вистинско време за да направите некои промени во исхраната, а на прво место би требало да го отфрлите белото брашно.

Погледнете го видео записот со упатство и дознајте како се подготвуваат сендвичи без леб. Ви гарантираме дека ова ќе прерасне во ваша омилена ужинка на работното место, но и вечера во текот на топлите летни денови – освежувачки, лесно и сочно!

Најчитани

Твитови