ИСТОРИСКА ПОБЕДА за МАКЕДОНИЈА: Срушена е големата Германија!

Македонската фудбалска репрезентација успеа да запише три златни бода, три големи бода против силната Германија, шампионот од Бразил на СП 2014 година.

Дури и најголемите фанови на Македонија беше прашање дали веруваат во ваков резултат, но ова е вистинската Македонија, токму кога ќе ја потцените, таа тогаш ќе ви врати за сите пари.

Прво преку Горан Пандев во финишот од првиот дел дојдовме до водство со 0:1. Во вториот дел по една непотребна грешка во одбрана на Џани Алиоски, на домаќините им беше досуден пенал, кој го реализира Илкај Гундоган за 1:1.

Кога сите мислеа дека Германија ќе дојде до посакуваните бодови и победа со некој пресврт, Македонија повторно стапи на сцена. АКција во просторот на домаќините и Елиф Елмас умешно го матира Тер Штеген, за повторно водство на Македонија, кое подоцна се покажа како клучно.

Ова се големи, огромни бодови во квалификациите за СП2022 за Македонија, прв светски шампион кој сме успеале да го срушиме.

Навивачка со соблекување ја слави секоја победа на Лацио!!

Една од најголемите навивачки на калчо лигашот Лацио, Ана фалки секојдневно ја покажува својата љубов кон омилениот клуб.

Оваа секси дама иако има 47 години нема проблем да го покаже своето тело, но секако само во исклучителни прилики за клубот.

Атрактивната Ана ветила дека по секоја победа на Лацио таа ќе се соблече и фотографира, а потоа фотките ќе ги објави на социјалните мрежи.

Ова ветување на среќа на нејзините фанови на Инстаграм и навивачите на Лацијалите, Ана ги исполнува.

Намирници кои треба да ги консумирате по тренингот

По напорниот тренинг, вашето тело има потреба од храна која ќе го закрепне и која ќе му даде сила. Затоа треба да направите паметен избор и да му обезбедите на организмот правилен внес на витамини, протеини, масти и други здрави состојки.

Затоа одлучивме да ви претставиме намирници кои мора да ги јадете по тренингот, доколку сакате да изградите цврсти мускули. 

Јајца

Јајцата се одличен извор на протеини и јаглехидрати, а тоа е она што му е најпотребно на вашето тело по тренингот. Јајцето не само што лесно и брзо се припрема, туку тоа е намирница која му ја овозможува потребната енергија на вашето тело.

Јогурт

Јогуртот е освежувачки млечен напиток кој содржи висок процент на протеини и кој позитивно влијае на вашата дигестија. Јогуртот овозможува подобро варење и ќе ви ја даде потребната енергија за функционирање. Една чаша јогурт содржи 11-13 грама протеини.

Банани

Ова суперовошје е одлична ужина која содржи мноштво витамини, од кои најзастапен е витаминот Б. Бананата е хранлива и многу брзо ќе ја надополни изгубената енергија.

Сушено овошје и ореви

Немате време за готвење? Неколку парчиња сушено овошје и ореви брзо ќе ја надополнат изгубената енергија и ќе го забрзаат процесот на закрепнување по интензивниот тренинг. Консумирајте бразилски ореви кои содржат минерали, селен, магнезиум и цинк.

Пилешко месо

Секако, пилешкото е одличен извор на протеини кои ќе ви овозможат моќна мускулна маса. Пилешкото можете да го припремите на безброј начини, па затоа бодибилдерите честопати велат дека кокошката за нив е крал на животните.

Најчитани

Твитови