Брзо и лесно: Направете вкусна пита со јогурт!

Потребни состојки:

2 јајца

125 г. масло

500 г. брашно

200 мл. јогурт

1 пециво

100-200 г. сирење

100-200 г. рендана шунка

Начин на подготовка:

Сирењето и шунката изрендајте ги. Останатите состојки сите заедно измешајте ги (може со лажица). Додадете ги ренданите шунка и сирење (ако не е солено сирењето додадете и сол).

Печете на 200 степени додека питата не зарумени на намрсена тава.

Жени: За регулирање на месечниот циклус пијте чај од магдонос!

Магдоносот е пожелна намирница за секоја жена. Чајот од магдонос е одличен за губење на вишокот килограми, а исто така успешно го регулира и нередовниот месечен циклус.

Долгите студии и експерименти докажаа дека со консумирањето на чајот од магдонос се намалуваат болките. Со него се топат мастите, се намалува високиот крвен притисок, а исто така и се регулира месечниот циклус. Се препорачува да го пиете и доколку немате никаков здравствен проблем, бидејќи тој одлично го прочистува телото од токсини.

Чајот од магдонос може многу да ви помогне ако сте една од жените кои имаат цисти. Направете чај така што ќе измешате една лажица мешавина од корен и листови од магдонос во една шолја врела вода. Од овој чај пијте три пати во денот.

Диета со која ќе изгубите до 4,5 килограми за една недела! Ова е планот!

Дисциплината е најважната состојка во т.н. војничка диета со која се  гарантира дека ќе изгубите и до 4,5 килограми за една недела.

Треба да се напомене дека ова е многу строг режим на исхрана што не смеете да го применувате како редовен начин на исхрана и не смеете да го применувате премногу често.

Војничката диета подразбира внесување на точно одредена храна во точно одредени количини распоредена во три оброци во текот на денот.

Калориите во овие оброци се точно пресметани. На пример, првиот ден може да внесете 1.078 калории. Колку за споредба, просечниот возрасен човек дневно внесува од 2.400 до 2.600 калории.

Појадок

1 шолја црно кафе (без млеко, без шеќер)

½ грејпфрут

1 парче двопек

Ручек

½ шолја туна

1 парче двопек

1 шолја црно кафе

Вечера

85 грама какво било месо, не пржено

1 шолја варен грашок

½ банана

1 мало јаболко

1 шолја сладолед

Додека сте на војничката диета одредени намирници може да ги замените со други, по ваш вкус. Ако не сакате грејпфрут, може да испиете чаша вода со лажица сода бикарбона – го има истиот ефект, без витамините.

Иако се вика војничка диета, овој режим на исхрана нема врска со исхраната на војниците, туку со нивната дисциплина.

Нутриционистите предупредуваат дека поради смалениот број на калории, може да почувствувате вртоглавица, главоболки и умор, особено ако работите додека сте на диетата.

Најчитани

Твитови