10 работи по кои ќе препознаеш дека си типичен Македонец!

Што Ви паѓа прво на ум кога ќе помислите на типичен Македонец? Дали тоа е ајвар, ракија, кафеана, трошење повеќе од што имате и страв од промаја?

Работи по кои ќе препознаеш дека си типичен Македонец:

Обожавате алкохол и пиете многу

- Не верувате многу во лекарства препишани од доктор, туку имате став дека ракијата и виното се универзален лек.

- Не ви е проблем да појдете до кај соседот и да позајмите шолја масло, јајце или малку кафе

- Кога сте среде нешто и сфаќате дека некој продукт ви недостига воопшто не ви е срам да тропнете на вратата на соседот за помош.

- Ги давате последните пари за кафеана или кафуле

- Имате ниска плата  едвај ги подмирувате сметките, но кафеаната не смее да трпи, за таму ќе ги дадете и последните пари.

- Се карате за историја и со припадници на други нации, но и со други Македонци

- Најлошо е кога се обидува некој да ве натера да ја разделите историјата од политиката. Почнувате дебата и таа нема крај.

- На сите им велите: „Мора да го посетите Охрид и манастирите и Маврово и...“

- Не можете да се смирите додека на некој дојденец не му ги посочите топ дестинациите во Македонија. Но, вистина е, навистина имаме што да понудиме.

- Јадење без запршка не може да помине

- Нашите мајки и баби нè научија така и ако сакате да направите манџа без запршка дефинитивно ќе бидете осудени.

- Сте ги гледале филмовите „Пред дождот“, „Прашина“ и „Тетовирање“ најмалку еднаш

- Горди сте на овие култни македонски филмови и дури знаете фрази од нив.

- Ја почитувате и алтернативната музичка сцена

- Одите во кафеани на фолк музика, но уживате и во добра рок, метал или електронска музика и се забавувате одлично на вакви настани.

- Гледате фудбал и ставате пари во спортска обложувалница

- Обложувањето како да стана традиција, па и вие не можете да одолеете.

- Пријателски сте настроени и многу гостопримливи

- Сакате да дочекувате гости и да ги служите со традиционална храна, ајвар, ракија...

 

Која е разликата меѓу коронавирусот и сезонскиот грип?

Симтопмите на коронавирусот се следни: температура, сува кашлица која се јавува по два до седум дена, кратко здив, болки во муслуките, омалаксаност.

Новиот коронавирус е многу сличен како и сезонскиот грип. Се шири многу побрзо од САРС, но имала помала смртност.

Како може да се направи разлика меѓу сезонскиот грип и коронавирусот?

Симтопмите на коронавирусот се следни: температура, сува кашлица која се јавува по два до седум дена, кратко здив, болки во муслуките, омалаксаност. Може да се јави и главоболка или дијареа. Атипчни симптоми се воспалено грло и секрет во носот. Слични симптоми има и сезонскиот грип.

Сепак, разликата меѓу коронавирусот и сезонскиот грип е што кај коронавирусот симптомите се јавуваат еден по еден, а кај грипот доаѓаат одеднаш.

Симптомите на коронавирусот почнуваат од два до десет дена од моментот на заразата. Постојат се уште непотврдени наводи дека може да се шири асимптоматски, што значи дека можат да ве заразат и луѓе кои се уште немаат знаци на болеста.

Денеска е „Велики Четврток“, четвртиот ден од страдалната седмица

На Велики Четврток ние славиме четири (4) настани од последните денови на Христовиот живот, а тоа се: миењето на апостолските нозе, Тајната вечера, свештената молитва за време на вечерата и на гората и предавството Јудино.

Миењето на нозете беше извршено за да се покаже смиреноста на Христа и да им даде до знаење на апостолите дека треба да го прават истото стално и да не бараат старешинство. Тоа останало во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква со векови, а го гледаме со тоа што ниту еден епископ е над другиот, туку и Вселенскиот патријарх е прв меѓу еднаквите, односно само по важност за свикување на собори, но не по чин и старешинство.

За време на Тајната вечера се востанови Светата тајна Евхаристија (Причест), а Христос тоа го изврши со леб и вино. Тоа се случило четвртокот вечерта, затоа што Евреите го сметаат времето од една вечер до вечерта другиот ден, па така се случила Пасхата во петок. За ова востановување се вели: „И кога јадеа, зеде Исус леб, го бла­гослови, го прекрши, па им даде и рече: ‘Земете, јадете; тоа е Моето тело. Потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: ‘Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина’“ (Марко 14,22-24).

Свештената молитва Господ ја кажал додека биле заедно собрани во горната одаја каде што ја јаделе Пасхата (празник на Евреите. Велигден е наречен нова Пасха (Премин)), онака како што вели свети апостол и евангелист Јован Богослов (17,1-26), а потоа и на Гетсиманија (градина, на Маслиновата Гора) според сведочењето на светите апостол Матеј, Марко и Лука (Матеј 26,36-46; Марко 14,32-42; Лука 22,39-46). Таа молитва Христос ја кажал за апостолите, за Црквата и за сите луѓе, а потоа и за Себеси бидејќи не бил само Бог, туку и Човек – Богочовек. Тоа било принос на молитвата од Вистинскиот Првосвештеник, само за да се спаси светот.

По сето ова се случило и предавството и приведувањето на Христа токму на Маслиновата Гора. Таму се собрале сите оние кои гледале во Него непријател и лажливец, а Јуда со целив го предал на стражарите. Но и денес има доста кои во Христа гледаат како на измислен Лил, како на пророк или само како на Учител. Но и тие се со камени срца и души и не можат да ја разберат тајната на Љубовта.

Најчитани

Твитови