Астрологија и здравје? - Што открива месецот на раѓање за вашето здравје

Истражување спроведено од научници од Универзитетот „Колумбија“ укажува на врскате меѓу месецот на раѓање и човековото здравје.

Експертите тврдат дека токму месецот на раѓање има влијание на развојот на некои болести. 

Доктор Николас Татонети, професор на Медицинскиот центар на Универзитетот „Колумбија“, со својот експертски тим, гп истражувал влијанието на месецот на раѓањето врз развојот на некои болести.

Тие проучувале медицински картони на над милион пациенти лекувани во Њујоршката презбитеријанска болница од 1985 до 2013 година. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со тие од истражувањата кои биле претходно спроведени во Шведска, Данска и Австрија.

Експертите тврдат дека многу поголеми шанси да заболат од астма имаат луѓе кои се родени меѓу јули и октомври, а ризик за развивање на нарушувања кај хиперактивноста и дефицит на внимание има кај лица родени во ноември. 

Луѓето родени во март почесто добиваат аритмија, конгестивен застој на срцето и болести на срцевите комори. Добра вест за луѓето родени во мај е дека шансите да заболат од хронични болести се многу мали, за разлика од родените во октомври.

„Овие податоци ќе им помогнат на научниците да откријат нови фактори кои влијаат на развој на некои болести. Важно е сега луѓето премногу да не се вознемируваат поради овие резултати. Иако најдовме значајни врски, генерално гледајќи, ризикот за заболување е навистина мал. Посебно ризикот поврзан со месецот на раѓање во споредба со многу повлијателните фактори, како исхраната и физичката активност“, заклучува Татонети. 

FETOR EX ORE – непријатен здив во устата

Секој човек, понекогаш може да се најде во необјаснива здравствена состојба, иако навидум сè е во ред. Една од таквите ситуации е и непријатниот здив. Сигурно се прашувате зошто и како настанува, што ја предизвикува и како да се реагира.

Лошиот здив (fetor ex ore, halitozis) претставува карактеристична непријатна појава, мирис, кој предизвикува негативни емоции, социјален дискомфорт и потешкотии во комуникацијата. Се смета дека секој човек барем еднаш во животот се соочил со оваа состојба. Fetor ex ore не претставува болест, туку симптом на веќе постоечка состојба која најчесто е од орално потекло,  но може да биде причинета и од подалечни органи, појаснува Д-р Наташа Доргут Трајковска, доктор по стоматологија при Неуромедика.

Физиолошката халитоза се јавува како дискретен непријатен мирис, чиј интензитет е варијабилен. Така најизразен е лошиот здив наутро, поради намаленото лачење плунка по време на сон. Непријатен мирис во уста се јавува и при дехидратација на организмот, гладување, пушење, со возраста (по изразена е кај повозрасните луѓе) и сл.Внесувањето на храна која содржи испарливи масла како што се лук, кромид, алкохол исто така водат до непријатен здив во текот на денот.

Патолошката халитоза се јавува како резултат на интраорални и екстраорални причини.

Лошата орална хигиена е главен фактор за непријатен здив во устата (fetor ex ore). Присуство на кариозни лезии на забите, заостанати дентални корени, попуштени протетски надокнади (коронки,мостови) се причина да се задржуваат остатоци од храна во усната шуплина. Тие остатоци од храна претставуваат добра храна за бактериите во устата, кои ја разградуваат ослободувајќи материи со непријатен мирис (водороден- сулфид, диметил-сулфат и др.) Забниот камен ако не се отстранува редовно, води до воспаление на непцата-гингивитис и појава на парадонтопатија која уште повеќе го продлабочува проблемот со непријатен здив во устата. Кај пациентите со ксеростомија (намалено лачење на плунка) доаѓа до сушење на устата и намалување на заштитната улога на плунката (да ја влажни и чисти усната шуплина) па така се создава лош здив, вели доктороката.

После целосна санација на усната шуплина и почитување на насоките од стоматолог за правилно одржување на оралната хигиена (редовно миење на забите и јазикот со четка и паста 2 пати на ден по 3мин, користење интердентален конец, плакнење на устата со антисептични раствори) доколку лошиот здив сè уште постои тогаш треба да се бараат екстраорални причини.

Во овој случај непријатен здив се јавува како последица на заболувања на респираторен тракт (инфекција во синуси, воспаление на крајници, бронхитис), заболувања на дигестивен тракт (гастритис, желудечна киселина), општи заболувања (дијабетес, бубрежни заболувања, заболувања на црн дроб). Бидејќи овие состојби се ретки, личноста која има непријатен здив во уста не треба сама да доаѓа до заклучок дека боледува од овие заболувања, туку да се консултира со матичниот доктор – стоматолог.

Следејќи ги стручните насоки и препораките, брзо ќе заборавите за проблемот”лош здив”.

Што прави бебето додека е во стомакот на мајката? (Видео)

Речиси секоја бремена жена барем еднаш во текот на бременоста се запрашала што прави бебето во стомакот. Видеото, кое е направено од три реклами за млекото Анмум од Филипините, се обиде да даде симпатичен одговор на ова прашање.

Видеото прикажува анимирано бебе кое се развива, расте, се проѕева, спие, јаде, но и зборува со мајката. На крајот на видеото преубавото девојче ја завршува својата приказна за „авантурите“ во мајчиниот стомак и истакнува дека не може да го дочека моментот кога ќе се запознае со својата „мајка“.

Најчитани

Твитови