Нередовниот секс предизвикува здравствени опасности

Нередовниот секс не се одразува негативно само на љубовен и емотивен живот, туку влијае и на здравјето на човекот. Дознајте ги опасностите и преземете нешто.

Секојдневно сме опкружени со разни научни истражувања поврзани со сексот, кои укажуваат на многу позитивни и негативни последици. Нередовниот секс  влијае на психолошко и физичко здравје кај човекот. Но што се случува ако не практикувате редовен секс?

Нередовниот секс води до тешка депресија

Ако сексот не прави среќни, тогаш е многу логично дека и немањето секс не прави несреќни т.е не води во депресија. Според едно американско истражување, луѓето кои немаат редовен секс  (намерно или зашто така мора да биде) често запаѓаат во депресија и лошо расположение. Штом расположението е опаднато тогаш и организамот не функционира како што треба. Затоа не мислете се, имајте што повеќе секс! Ако не со партнерот тогаш одлучете се и за секс за една ноќ, но не заборавајте на заштитата – кондомите! 

Избегнувајте ги: Ова се најлошите и највалканите места за секс

Плажа

Водењето љубов на песок во реалноста не е ни најмалку исто како она на филомовите. Освен тоа, ризикувате да добиете дијареа, осип, инфекции, а сето тоа благодарение на изметот од птиците и отпадот кој луѓето го оставиле на плажа, а песокот го прекрил.

Паркови и игралишта

Пред да дојдете на ова место имало многу деца кои си играле. За време на нивното играње тие се чепкале и во нос и по целото тело кое е можно да има рани, а потоа се фатиле за играчките и клупите. Во парковите, според истражувања,  се пронајдени голем број на вируси кои успешно живеат со децении и предизвикуваат различни вируси и слично. Ако сето тоа не ви е проблем, бидете храбри и водете љубов на отворено и тоа токму тука.

Гардеробите на теретаните

Можеби имате бујна имагинација и фантазија, па сцените од порно филмовите сакате да ги пробате и на своја кожа, но овие места се идеални за бактерии поради тоа што се топли и влажни. Но ако сепак имате голема желба, прегледајте преку прсти на ова.

Зошто упорно "паѓате" на ист, сосема погрешен тип на фраер?

Секоја девојка сонува за убава и квалитетна врска, но само некои од нив навистина успеваат да ги остварат своите соништа, бидејќи повеќето најчесто "паѓаат" на таканаречените лоши момци.

Зошто е толку тешко да се пронајде момче кое навистина ќе ги задоволи сите наши потреби? Токму ова прашање дефинитивно вреди милион долари!

Ако сте една од оние девојки кои секој пат пронаоѓаат одличен тип, за извесно време подоцна да се испостави дека се работи за потполно промашување, можеби е време да се запрашате, зошто секогаш "паѓате" на ист тип на мажи, кои очигледно се апсолутно погрешен избор. Ако може да им се верува токму на стручните лица, ова се и главните три причини за тоа.

Престанавте да верувате во вистинската љубов

После неколку разочарувачки врски, лесно е да се помисли дека љубовта е само обичен маркетингшки трик кој ни го продаваат на "Денот на заљубените". Ако сте во фаза во која ви се чини дека љубовта речиси и не постои, лесно ќе паднете на комплетно погрешен фраер, бидејќи секогаш ќе бидете уверени дека и онака ви е сеедно дали е тоа така.

Не се трудите да го добиете она што го сакате

Некои девојки ќе сторат се' што можат за да го добијат токму момчето кое совршено им одговара, а некои едноставно ќе се помират со судбината и нема ниту најмалку да се потрудат. Ако мислите дека лошиот тип е се' што заслужувате во животот, тогаш тоа и ќе го добиете.

Мислите дека ќе го промените лошото момче

Некои жени секогаш ќе бидат во врска со мажи кои едноставно не ги ценат, и секогаш ќе се трудат да ги променат таквите мажи. Наместо да барате начин за неверен маж да го претворите во верен, обидете се да пронајдете некој кој не е подложен на прељуби.

Најчитани

Твитови