Ќе останете без зборови: По што копнеат бремените жени

Бременоста е состојба во која телото се менува. Меѓутоа, освен физички промени, трудниците многу брзо почнуваат да ги чувствуваат и оние психичките кои се однесуваат на промени на расположението, но и зголемена желба за храна. Ја направивме листата од најчестите, но и најнеобичните желби за храна во текот на бременоста.

Меѓу најнеобичните ефекти кои ги истакнуваат голем број бремени жени е желбата за одредена храна на која пред бременоста можеби никогаш не би помислиле.

Направена е опширна анкета во која мајките требало да напишат список на храна за која во текот на бременоста имаат најголема желба. Иако желбите на бремените жени се различни и често по малку необични, некои одговори често се повторуваат.

Топ пет слатки намирници кои ги сакаат бремените жени:

1. Чоколадо и неговите бројни верзии (топла чоколада, торта, кроасан…)

2. Сладолед – без оглед на годишното време

3. Јагода – свежа, колачи, торти, џем

4. Кафе

5. Фрапе

Топ 5 солени и кисели намирници:

1. Кисели краставички

2. Чипс и слични грицки

3. Лимон

4. Маслинки

5. Помфрит и брза храна

Топ 5 најнеобични желби на бремените жени:

1. Коцки мраз (цицање и грицкање)

2. Лути пиперки ( во јадење или сос)

3. Цвекло (кисело или свежо)

4. Кечап

5. Пеперминт и еукалиптус (мирис и вкус).

15 г. од првото појавување на Чуктераш на музичката сцена - Потсетете се на аудицијата (видео)

Се појави преку ноќ на музичкаа сцена, ги освои симпатиите на публиката и за кратко време стана препознатливо лице на музичкото шоу Ѕвездите на Гранд. Пошироката јавност ја запозна пред нешто повеќе од петнаесет години т.е. од првата аудиција на Ѕвздите на Гранд.

Иако денес не актуелна и присутна на музички план Славица сепак е една од естрадните фолк диви чиишто мега хитови се дел од многу плеј листи на радио станиците и котираат високо на музичките анкети.

Ова е нејзиниот прв настап:

Кој е и што работи богатото момче на Лејди Гага

Мајкл Полански дипломирал на Харвард, познат филонтроп е и косопственик на „Паркер Груп“ која ја основал заедно со познатиот бизнисмен Шон Паркер, ко-основачот на Фејсбук.

Лејди Гага има важно случување во нејзиниот живот: во љубовна врска е! Во понеделникот попладне, 33-годишната поп-ѕвезда ја објави на Инстаграм информацијата (придружена со фотографија) за својата нова љубовна врска со Мајкл Полански. Кој е и што работи богатото момче на Гага.

На постираната фотографија, добитничката на Оскар седи во скутот на нејзиното момче. Забележливо е взаемното соучесништво – двајцата се смешкаат еден на друг и прегрнати се. Се гледа и дека се на брод, најверојатно фотографијата е направена на нивното патување во Мајами.

Филантоп и борец против канцер

Веста за тоа – кој е и што работи Мајкл, ја објави списанието „Е!“. Мајкл Полански е извршен директор на компанијата „Паркер Груп“ во Сан Франциско.

– Тој многу се грижи за Гага, а во меѓувреме, многу е дискретен и генерално не го сака јавниот живот, пишува списанието „Е!“, продолжувајќи – Мајкл е многу богат, инвеститор е и многу е интелигентен.

Изворот на списанието наведува и дека ова не било првпат Мајкл и Гага да ја покажат својата љубовна приказна на јавноста, туку Мајкл бил „мистериозниот човек“ кој Лејди Гага го бакнала на новогодишната ноќ.

– Таа е со истото момче повеќе од еден месец. Се запознале уште пред празниците и таа е луда за него. Тој е истиот човек со кој ја помина Новата година, се гледаат веќе со недели. Многу време минуваат заедно во нејзината куќа во Лос Анџелес. Каде и да оди, секаде го носи со себе, тие се буквално неразделни, вели изворот.

Списанието „Харперс Базар“ пишува дека Полански е ко-соновач на компанијата „Паркер Груп“ заедно со познатиот бизнисмен, кој е негов пријател, Шон Паркер. Шон Паркер пак, е познат како ко-основач на огромни ИТ бизниси како Непстер и Фејсбук.

„Паркер Груп“, која е основана во 2015 година, меѓу другото, поддржува филантропски проекти во науките, глобалното јавно здравје, граѓанските ангажмани и уметноста. Полански исто така е член на Бордот на Институтот за имунотерапија на рак ( Institute for Cancer Immunotherapy) со седиште во Сан Францискоо, кој го спонзорира истражувањето за третман на рак.

Дипломирал на Харвард

Полански студирал применета математика и компјутерски науки на универзитетот Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот. Дипломирал во 2006 година.

Полански и Гага биле видени и како се бакнуваат на хотелскиот балкон во Мајами за време на Супер Боул викендот. Поп ѕвездата била во Мајами поради перформансот во неделата, додека нејзиното момче било во Вип ложата, заедно со мајката на Гага, Синтија Германота, според „Пејџ Сикс“. Вечерта, парот заедно го напуштил стадионот „Хард Рок“.

Новата љубовна приказна на Гага доаѓа само неколку месеци откако се обелодени врската со инженерот за звук, Дан Хортон. Сепак, изгледа дека приказната со Дан имаше краток век на траење, поточно опстана само три месеци. Едно е сигурно, Лејди Гага сега изгледа посреќна од било-кога.

 

Најчитани

Твитови