Ќе останете без зборови: По што копнеат бремените жени

Бременоста е состојба во која телото се менува. Меѓутоа, освен физички промени, трудниците многу брзо почнуваат да ги чувствуваат и оние психичките кои се однесуваат на промени на расположението, но и зголемена желба за храна. Ја направивме листата од најчестите, но и најнеобичните желби за храна во текот на бременоста.

Меѓу најнеобичните ефекти кои ги истакнуваат голем број бремени жени е желбата за одредена храна на која пред бременоста можеби никогаш не би помислиле.

Направена е опширна анкета во која мајките требало да напишат список на храна за која во текот на бременоста имаат најголема желба. Иако желбите на бремените жени се различни и често по малку необични, некои одговори често се повторуваат.

Топ пет слатки намирници кои ги сакаат бремените жени:

1. Чоколадо и неговите бројни верзии (топла чоколада, торта, кроасан…)

2. Сладолед – без оглед на годишното време

3. Јагода – свежа, колачи, торти, џем

4. Кафе

5. Фрапе

Топ 5 солени и кисели намирници:

1. Кисели краставички

2. Чипс и слични грицки

3. Лимон

4. Маслинки

5. Помфрит и брза храна

Топ 5 најнеобични желби на бремените жени:

1. Коцки мраз (цицање и грицкање)

2. Лути пиперки ( во јадење или сос)

3. Цвекло (кисело или свежо)

4. Кечап

5. Пеперминт и еукалиптус (мирис и вкус).

Зачувајте ја приватноста на работното место

Ситуација 1:

Ве мачи мамурлак…

Што можете да кажете: Ако сте испиле многу претходната вечер, никому ни збор за тоа. Жена што излегува секоја вечер и пие алкохол никако не остава впечаток на одговорна и вредна личност. Што се однесува до вашиот емотивен живот, во ред е нешто да кажете, но никако детали.

Ситуација 2:

Имате здравствени проблеми

Што можете да кажете: Ако мора да отсуствувате од работното место, тогаш соопштете му ја дијагнозата на претпоставениот. Можете да му се обратите преку мејл за да избегнете евентуална емотивна слабост. На блиските колеги можете да им откриете во каква ситуација сте, но воздржете се од детализирање, бидејќи несвесно ќе почнат да ве доживуваат како болен човек, кој е помалку работоспособен.

Ситуација 3:

Длабоко сте религиозни

Што можете да кажете: Само факти. Понекогаш темата на верата е важна за ситуацијата во која се наоѓате, на пример, постите, а колегите ве поканиле на ручек. Доволно е да се држите до фактите и никого да не притискате да стане верник или да ја смени верата.

Ситуација 4:

Незадоволни сте од работната атмосфера

Што можете да кажете:  Бидете селективни во изборот на соговорниците и на деталите што ќе им ги доверите, под услов да верувате дека ќе ги зачувате за себе. Кога ќе слушнете друго мислење, можеби сè нема да ви изгледа толку црно.

Никогаш не би погодиле кои 4 нешта го зголемуваат задоволството: Среќата е прашање на одлука, и таа е во вашите раце!

Кога говориме за среќата, постојат низа од совети и предлози како да се дојде на тоа конечно одредиште.

Некои се исплати да ги послушате, но за некои сепак останува негативниот одговор. Меѓутоа, постојат и такви кои што произлегуваат од конкретни научни истражувања, докажани врз основа на низа од поединечни примери.

Ние овојпат ви пренесуваме 4 научни совети како да ја остварите среќата во животот, притоа располагајќи само со она што го имате, а токму до нив дошле тим од научници.

1. Бидете благодарни

Патот кон среќата започнува и со првиот чекор – а тоа е благодарноста. Дури и кога ви се чини дека немате за што да бидете благодарни – кога подобро ќе размислите, ќе пронајдете помали или поголеми ситници кои што чинат животот да биде подобар и поубав.

Причинитата поради која што би требало секојдневно да сте благодарни се крие во фактот, односно научниот доказ, кој што вели дека благодарноста го поттикнува лачењето на допаминот и серотонинот, кои пак влијаат на состојбата на среќата.

2. Именувајте ги своите чувства

Се чувствувате лошо? Дајте му име на тоа чувство. Анксиозност? Тага? Бес? Можеби звучи смешно, но едно истражување покажало дека токму именувањето, односно препознавањето на чувствата го менува нивното негативно влијание.

Ако ги потиснете чувствата, тие ќе се вратат повторно. Ако пак го опишете она што го чувствувате во неколку зборови, ќе ви биде полесно за од истото тоа чувство и да се ослободите.

3. Донесете одлука

Дали некогаш ви се случило, после донесувањето на одредена одлука (без оглед на последиците), да почувствувате вистинско олеснување? Научниците докажаа дека донесувањето на свесни одлуки го намалува стресот и грижите.

Научниците одат и подалеку од тој совет и додаваат какви одлуки би требало да донесувате, а одговорот е – доволно добри. Подложноста кон перфекционизам може да биде исклучително стресна, па токму затоа е важно само одлуките да се – доволно добри. Во спротивно, мозокот троши премногу енергија и емоции па се формира чувство поради кое тешко се контролирате.

4. Допирајте се со други луѓе

Бебињата преживуваат благодарение на допирот, а со тоа, не треба да ве чуди и потребата за блискост и прифаќање на другите, бидејќи токму тие ситници во голема мера влијаат на количеството на среќа кај поединците.

При допирањето се ослободува окситоцин (хормон на љубовта) благодарение на кој ќе бидете буквално преплавени од чувството на среќа. Допирите не мора секогаш да бидат во облик на прегратки. Ќе биде доволно и тапкањето или пружањето на рака кое што многу влијае врз уверливоста на личноста, ја зголемува блискоста помеѓу поединците, па дури влијае и на математичките вештини.

Најчитани

Твитови