Чистење на телото и умот: Нешта од кои треба да се ослободиме оваа пролет!

Поголемиот дел од нас прават список на нештата кои треба да ги направат во текот на денот за на истите да не заборавaт, некои тоа го прават за намирници во маркет или на пазар, трети тоа го прават за работни задачи, а повеќето поради подобра организација на своето време.

Оваа методологија психологот Steven Aitchison ја применува во својата долгогодишна практика поврзана со личниот развој и ја  претставил во форма на список наменет за секого,список кој треба да не потсети на нештата  од кои е потребно да се дистанцираме во животот.

Неговиот список наликува вака:

Ослободете се од негативните луѓе.

Престанете себе си да се оптеретувате со грешките кои сте ги доживеале во минатото.

Ослободете се од стегите на минатото.

Отфрлете ја негативната слика за себе.

Престанете со самосожалувањето.

Престанете постојано да кажувате ‘’ да ’’ на сечие барање.

Престанете да им удоволувате на сите.

Престанете да го говорите само она што е исправно.

Отфрлете ги уверувањата кои ве ограничуваат.

 

Како сами да ги прегледате вашите гради во само 4 чекори?

Истражувањата покажуваат дека најчестиот вид рак кај жените е ракот на дојката. Добрите вести се тоа што стапката на излечени пациенти расте и доколку ракот се открие во почетниот стадиум, успешноста на лекувањето е речиси 100%.

Поради ова, од голема важност е редовно да ги прегледувате вашите гради на лекар, но и самите. Експертите Се препорачува да се прегледувате во последната седмица или последниот ден од циклусот. Погледнете како да го направите прегледот во 4 чекори.

Прв чекор

Набљудувајте ги вашите гради во огледало, со рацете поставени покрај телото или на колковите. Најпрво обрнете внимание на брадавиците и дали се пропорционални. Важно е од преглед до преглед да не се појави промена на нивната позиција. Обрнете внимание и на обликот и кожата на градите. Доколку градите се со вообичаената боја, големина и форма, доколку се пропорционални една на друга, без поголеми разлики во големината и без видливи отоци, тогаш нема простор за грижа.

Втор чекор

Подигнете ја едната рака над главата и обрнете внимание на истите нешта како и во првиот чекор. Направете го истото и со другата рака.

Трет чекор

Третиот чекор е физички преглед со допир. Подигнете ја левата рака и со десната допрете ја левата дојка, а потоа обратно. Правете мали кружни движења додека ја допирате дојката. Проверете ја целата дојка од врвот до дното и од страните, односно од клучните коски до стомакот и од пазувите до деколтето. Најдобро е да следите иста шема за да не прескокнете некој дел. Употребувајте нежен притисок за ткивото под кожата и посилен притисок за ткивото на дојката до градниот кош.

Четврт чекор

Повторете го третиот чекор, но во друга положба. Можете да лежите или да седите и повторно внимателно да ги прегледате градите. Важно е физичкиот преглед да го изведувате во разни положби за да не испуштите нешто. Ова можете да го правите и додека се туширате бидејќи водата ќе го олесни движењето на дланките.

Сепак, важно е да знаете дека овој преглед не може да го замени лекарскиот. Затоа најдобро е да го посетувате и вашиот лекар на секои 6 месеци до една година.

Ќе останете без зборови: По што копнеат бремените жени

Бременоста е состојба во која телото се менува. Меѓутоа, освен физички промени, трудниците многу брзо почнуваат да ги чувствуваат и оние психичките кои се однесуваат на промени на расположението, но и зголемена желба за храна. Ја направивме листата од најчестите, но и најнеобичните желби за храна во текот на бременоста.

Меѓу најнеобичните ефекти кои ги истакнуваат голем број бремени жени е желбата за одредена храна на која пред бременоста можеби никогаш не би помислиле.

Направена е опширна анкета во која мајките требало да напишат список на храна за која во текот на бременоста имаат најголема желба. Иако желбите на бремените жени се различни и често по малку необични, некои одговори често се повторуваат.

Топ пет слатки намирници кои ги сакаат бремените жени:

1. Чоколадо и неговите бројни верзии (топла чоколада, торта, кроасан…)

2. Сладолед – без оглед на годишното време

3. Јагода – свежа, колачи, торти, џем

4. Кафе

5. Фрапе

Топ 5 солени и кисели намирници:

1. Кисели краставички

2. Чипс и слични грицки

3. Лимон

4. Маслинки

5. Помфрит и брза храна

Топ 5 најнеобични желби на бремените жени:

1. Коцки мраз (цицање и грицкање)

2. Лути пиперки ( во јадење или сос)

3. Цвекло (кисело или свежо)

4. Кечап

5. Пеперминт и еукалиптус (мирис и вкус).

Најчитани

Твитови