EXCLUSIVE MK
Автомобили

Lexus е главна марка на фестивалот на филмот во Венеција

Светските ѕвезди од филмското платно ќе добијат достојна автомобилска придружба што ќе ги довезува до црвениот тепих на Ла Биенале ди Венеција 2021. Од целата моделска гама на Lexus, нагласокот е ставен на новиот NX, што Италија ќе го види првпат.

Петта година во низа, Lexus е официјален автомобил на Венецијанскиот фестивал на филмот. Лидо ќе биде светски центар на филмот во периодот од 1-ви до 11-ти септември. Корејскиот режисер Бонг Јоон-хо ќе биде во улога на претседател на меѓународното жири, додека актерката, пејачка и водителка Серена Роси ќе биде домаќинка-кума.

Фестивалот ќе послужи и како сцена за Lexus да ја промовира новата генерација на СУВ-моделот од средната класа NX. Тој е прв модел на престижната марка на Toyota, што е достапен со приклучен хибриден погон, односно со приклучок за полнење на батеријата. Новиот модел доаѓа со таканаречен тазуна-кокпит, кој на возачот му посредува чувство на поврзаност со автомобилот, исто како јавач што ги користи дизгините за да командува со коњот.

Актерот, директор и сценарист Адоардо Лео ќе зборува за марката Lexus на фестивалот, со претставување на вредностите што го поврзуваат Lexus со светот на филмот, преку личните и професионални искуства.

Возниот парк на Lexus за Венецијалскиот фестивал на филмот се состои од 35 автомобили од моделските серии NX, UX и RX, секако и од лимузината ES, како и од луксузното купе LC. Електричниот Lexus UX 300e не смее да отсуствува, исто како и купето LC.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Volkswagen за шест месеци испорачал 160.000 електрични возила

Angela

Интересни мали автомобили на електричен погон наскоро ќе се појават на патиштата (ФОТО)

Angela

Златно Тркало 2022: Volkswagen ID.4 и Porsche Taycan се победници!

Angela