Вселенското летало на НАСА, сондата OSIRIS-REx ќе тргне во нова мисија по посетата на астероидот Бену, од каде собра примероци.
НАСА ја продолжи мисијата на сондата која сега во период од 18 месеци ќе го продолжи да го проучува астероидот Апофис. Мисијата ќе добие ново име, а до астероидот ќе патува 30 дена откако на 24 септември 2023 година ќе изврши прелет над Земјата. Меѓутоа, овој пат нема да собира примероци, туку ќе делува на површината на астероидот за да изложи што се наоѓа под неа.
Апофис претходно привлече внимание поради стравот дека би можел да се судри со Земјата во 2029 година, но научниците тврдат дека тоа нема да се случи. Сепак, астероидот и понатаму привлекува внимание бидејќи е најблиску до Земјата, кога станува збор за познати астероиди со приближна големина.
Научниците сакаат да го проучуваат ефектот од Земјината гравитација на него. Продолжувањето на мисијата нема да биде евтино, ќе чини дополнителни 200 милиони долари на веќе утврдени трошоци кои изнесуваат 1,16 милијарди долари.