EXCLUSIVE MK
Автомобили ТЕХНОЛОГИЈА

Stellantis ќе гради мрежа од 15.000 јавни полначи во Европа

Автомобилскиот гигант Stellantis објави дека во соработка со TheF Charging, ќе изгради нова мрежа на јавни станици за полнење електрични возила во Европа.

Пристапот до инфраструктурата ќе биде достапен за сите корисници на електрични и електрифицирани возила, но клиентите на автомобилската компанија ќе може да искористи и ексклузивни услови.

Новата иницијатива на Stellantis и TheF Charging, која се очекува да се спроведе во периодот 2021-2025 година, предвидува изградба на мрежа од над 15.000 локации во Европа, што ќе овозможи полнење на електрична енергија до 2.000.000 целосно електрични возила и (PHEV) хибридни автомобили.

Новата мрежа за полнење на Stellantis и TheF Charging ќе изгради објекти и во центрите на градовите и до транспортните центри, медицинските центри, спортските објекти, малопродажните места и многу повеќе.

Првата локација на новата мрежа ќе биде отворена оваа година, а ќе биде лоцирана во Италија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Тик-ток“ е најпопуларната дестинација на интернет

Angela

Aпликации кои мора да ги тргнете од вашиот мобилен телефон

Angela

Збунувачки и малку познати суеверија за ѕвездите

Angela