EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

TAЖНА ВЕСТ: Почина Кико

Кристијан требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба, тоа не се случи. Тој се лекуваше во приватна болница во Скопје
Почина Кристијан Коцев-Кико, момчето за кое македонска јавност собра финансиски средства преку донации за негово лекување во Турција. Тажната вест на социјалните мрежи ја објави јутјуберот Стефан Лазаров кој ја покрена акцијата за собирање пари за Кристијан.

-Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот.. Се дадовме за тебе, се бореше до крај како вистински победник, но за жал не успеа. Многу те сакам, многу ќе ми фалиш братче мое. Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш… Почивај во мир Кико, напиша на Фејсбук јутуберот Стефан Лазаров.

Кристијан требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба, тоа не се случи. Тој се лекуваше во приватна болница во Скопје.

Дваесетгодишното момче Кико имаше ретка и тешка болест, Атаксија-телеангиектазија, која брзо напредува и за кратко време доведува до сериозна состојба.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Навала за Грчка: На „Богородица“ за излез се чека околу еден час

Angela

Како да познаете дека лажe?

Angela

Лука Дончиќ со загрижувачка изјава: Не уживам повеќе ….

Angela