EXCLUSIVE MK
Автомобили НАСЛОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Tesla стана највреден производител на автомобили во светот

Пазарната вредност на компанијата Tesla вчера надмина 1.000 милијарди или трилион долари откако компанијата ја доби досега најголемата нарачка на возила од рент-а-кар компанијата Hertz. Акциите на компанијата пораснаа за 14,9%, а вредноста достигна 1.045 милијарди долари, со што Tesla стана највредниот производител на автомобили во светот.

Tesla, воедно, е и првата автомобилска индустрија која се приклучи на елитниот клуб на компании вредни трилион и повеќе долари – Apple, Amazon, Microsoft и Alphabet.

Најголем дел од производителите на автомобили не се фалат со нарачки од рент-а-кар компании на кои по намалени цени им продаваат возила кои слабо се продаваат. Но, за Teslа одлуката на Hertz да нарача 100.000 автомобили на Teslа до крајот на 2021 година покажува дека електричните возила повеќе не се ексклузивен производ, туку во блиска иднина ќе доминираат со пазарот на автомобили.

(Al Jazeera Balkans)

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пред сезоната на летување откриваме: Зошто постелнината во хотелите секогаш е БЕЛА?

Angela

5 намирници кои не треба да се јадат за појадок: Грешка која сите ја правиме!

Angela

Илинден – 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ

Angela