EXCLUSIVE MK
Автомобили ТЕХНОЛОГИЈА

Volkswagen за шест месеци испорачал 160.000 електрични возила

Од последното тромесечје, Volkswagen ќе го продава електричниот компакт ID.3 и на најголемиот пазар за електрични автомобили во светот, во Кина.

Volkswagen ID.3 деновиве доживува премиера на салонот на автомобили во Ченгду, како најава за почетокот на продажбата на електричниот модел во Кина. Тоа ќе биде трет модел со погон само на струја што Volkswagen го нуди на големиот пазар, по ID.4 и ID.6. Шефот Ралф Брандштетер цели неговата марка „освен во Европа, да има водечка позиција меѓу електричните автомобили и во Кина.“

Интересот за двата модели ID.4 и ID.6 е во постојан раст, откако Volkswagen во почетокот од годинава стартуваше со продажба на новата генерација електрични автомобили во земјата. Од 1.500 испорачани ID-возила во мај, во следниот месец бројката се искачила на 3.000 возила, за во јули да следи уште едно удвојување, со 5.800 испорачани возила. Волфсбург очекува годинава да испорача меѓу 80.000 до 100.000 електрични возила во Кина, со извесна резерва поради глобалниот недостиг од полупроводници.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НОВА ОДЛУКА: Корисниците на Инстаграм ќе мора да гo потврдат својот датум на раѓање

Angela

Запознајте го H2ERA – oва е авионот на иднината (ВИДЕО)

Angela

Произведена паметна светилка која сигнализира пад на стари лица

Angela