Новата функција, наречена „view once“, им овозможува на корисниците да испраќаат фотографии и видеа во разговори кои може да се видат само еднаш пред да исчезнат.
Функцијата е слична на Snapchat. Кога снимате слика во WhatsApp, корисниците можат да изберат икона за тајмер за да ја постават фотографијата да се “прикаже еднаш”. За разлика од обичните фотографии или видео пораки, “view once” фотографиите не можат да се преземат на вашиот уред.
Фејсбук ја продава оваа функција како една од „private moments“ опциите или за испраќање потенцијално чувствителни информации, како на пример лозинки за Wi-Fi. Како и секогаш, луѓето треба да внимаваат колку се ваквите пораки „приватни“. Компанијата напоменува дека примачот и понатаму може да направи слика од екранот или да го сними екранот додека отвора фотографија “view once”, и за разлика од Snapchat, WhatsApp нема да го извести испраќачот кога е направена снимката од екранот.