EXCLUSIVE MK
Мобилни телефони НАСЛОВНА

WhatsApp може да го промени начинот на кој луѓето се пронаоѓаат едни со други на апликацијата

WhatsApp во последно време редовно објавува ажурирања и нови функции за својата платформа. Сега се подготвуваат нови опции.

WABetaInfo известува дека WhatsApp подготвува промени на изгледот на профилот, вклучувајќи ја и опцијата за промена на корисничкото име.

Ажурирањето на Android бета споменува ново поле во делот на профилот на апликацијата, кое бара од корисниците да изберат свое единствено корисничко име.

Опцијата за креирање корисничко име ќе го приближи WhatsApp до начинот на кој корисниците комуницираат на ривалската платформа – Instagram.

Сè уште не е познато како ќе функционира корисничкото име на платформата за пораки, но тоа би можело да означи голема промена во начинот на кој луѓето се наоѓаат на WhatsApp, како и да ја зголеми нивната приватност.

Шифрирањето од крај до крај сè уште ќе работи на разговорите на WhatsApp иницирани од кориснички имиња.

WhatsApp сега се очекува официјално да го потврди постоењето на споменатата функција, како и датумите на нејзината достапност за сите корисници на апликацијата. Пред тоа, се очекува да биде достапен за бета корисниците.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Време: Сончево и топло до 38 степени, со слаб до умерен ветер од северен правец

Angela

Од понеделник и во Македонија лицата над 60 години ќе можат да примат трета доза од вакцините против Ковид-19

Angela

Внимавајте: Ако ве прашува ова, ве изневерува!

Angela