EXCLUSIVE MK
Свет

(ФОТО) ИЗВЛЕЧЕНИ ТЕЛАТА: Двајца ловџии загинаа утрово!

Двајца ловџии загинаа утрово на локалитетот Лукичи кај Завидовиќи, во Босна, откако активирале противпешдиска мина во област која била означена дека не е безбедна и оти има мини.

Во несреќата починале Азем Мујиќ (64) и Елведин Кесеровиќ (41), двајцата од ЗавидовиќиНесреќните ловџии чекале во заседа дивеч, по што еден од нив стапнал на мина ПРОМ-1П и ја активирал. Станува збор за противпешадиска, распрскуваччка отскочна мина, која убива со шрапнели и експлозивна моќ во радиус до 30 метри, а често и на поголема оддалеченост.

По пријавувањето на оваа трагедија, деминерите на Федерлната управа за Цивилна заштита преземаа акција и ги извлекоа телата на двајца ловџии од минското поле.

Нивните пријатели се збогуваат со горчливи пораки на социјалните мрежи.

– Го молам Алах да им се смилува на колегите ловци кои утрово починаа од злото што беше посеано во босанските шуми, напиша еден од нивните пријатели.

– Жртвата се наоѓала на околу 70 метри во длабочината на зоната на ризик од мини, а бидејќи имало индиции дека и друг ловец влегол во минското поле, со пребарување на теренот, 30 метри од местото каде што е пронајдено првото тело, била забележа и втората жртва, соопшти ФУЦЗ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ВИДЕО: Упс, Ева Лонгорија ја тргна раката на Бајден од чудната прегратка

Angela

Распишан референдумот за промена на Уставот на Србија

Angela

Роберт Голоб, победник на изборите, порача дека „слободата доаѓа во Словенија“

Angela