EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Стапката на рак кај младите пораснала за 79 отсто во изминатите 30 години

Случаите на рак кај младите луѓе ширум светот пораснале за 79 отсто, меѓу 1990. и 2019 година, предупредуваат новите истражувања. Научниците го проучувале зголемувањето на стапките за оние на возраст под 50 години.

Северна Америка, Австралија, Азија и Западна Европа се подрачјата со највисоки стапки на рак во рана возраст. Според истражувачите, иако генетиката веројатно придонесува за порастот – и пушењето, пиењето алкохол и исхраната богата со месо и сол, но со малку овошје и млеко, се главните фактори на ризик. Утврдено е дека прекумерната тежина, ниската физичка активност и високиот шеќер во крвта имале улога во тоа покачување на бројките кај младите лица. Научниот труд е објавен во списанието „БМЈ онколоџи“ (BMJ Oncology).

Ракот на дојка го сочинува најголемиот дел од случаите – 13,7 на секои 100.000 луѓе. Случаите на рак на душникот и на простата, пак, растат најбрзо со 2,28 насто и 2,23 насто годишно, соодветно.

А пак, случаите на рак на црниот дроб се во пад, во просек за 2,88 отсто.

Раководителката на истражувањето, д-р Ксуе Ли од Центарот за глобално здравје на Институтот „Ашер“ при Универзитетот во Единбург во Шкотска, смета дека ракот во рана возраст покажува „нагорна линија“ за последниве 30 години, но дека „вкупната стапка на инциденца е стабилна“ од 2010 до 2019 година.

Добротворната организација „Кансер рисрч УК“ (Cancer Research UK) потврди дека напредокот во згрижувањето на болни ракот помогнал да се спасат најмалку 1,2 милиони животи во Обединетото Кралство од 1980-тите до денес. Д-р Клер Најт смета дека ракот останува „првенствено болест на постарите лица“, но и оти, сепак, наодите од новото истражување се алармантни.

– Потребни се повеќе испитувања за причините за рак на рана возраст, за одредени видови канцер, како што е и нашето истражување коешто разгледува нови начини за идентификување поголема опасност од рак на дојка кај помладите жени, додаде д-р Најт.

Таа препорачува урамнотежена исхрана, непушење, многу вежбање и безбедно, умерено изложување на сонце.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Напиток кој прави ЧУДА за организмот, а потребни се само ДВЕ состојки

Angela

Отворање на Параолимписките игри во Токио

Angela

ЌЕ ВЕ УБИЈАМ СИТЕ – Рада Манојловиќ преживеала пекол на настап, пеев додека тој пукаше со наполнет пиштол, а татко ми додека спиеше во автомобилот го превртеа

Angela