EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Убавина

Моден двобој на двете кралици: Ранија и Летиција модни „ривалки“ со едно нешто заедничко (ФОТО)

Кралицата Ранија со својата посилна половина дојде во посета на шпанската кралска двојка Филип и Летиција и би се рекло дека оваа средба не беше само дипломатска туку и модна.

Кралот и кралицата на Јордан, Абдула Втори и неговата поубава половина кралицата Ранија се сретнаа на ручек во Кралската палата во Мадрид, а средбата беше договорена во рамките на работната посета на Шпанија со цел зајакнување на воената и безбедносната соработка.

Кралицата Летиција и Ранија долго време важат за жени кои знаат што е стил, а секоја нивна комбинација е забележана и позитивно оценета.

Така беше и овој пат. За оваа пригода дамите избраа тесни миди фустани со слична должина и крој, а Ранија се одлучи за долги ракави.

Изборот на бои и цветни мотиви беше сличен, но водителката, кралицата Летиција, остави посветлен и поопуштен, така да се каже, летен впечаток.

Последната сличност лежи во салоните со речиси идентична боја, па можеме да заклучиме дека овие две дами имаат многу слични модни вкусови.

Двете дами често носат модели со многу пристапни цени и се доказ дека стилот не се купува, како и дека облеката не мора да чини многу за да се забележи, а повеќе од нивните изданија погледнете во галеријата подолу.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Моќна порака до жените од Анџелина Џоли: По смртта на нејзината мајка, таа проговори за тешката болест

Angela

„Гледам само на едното око“: Наташа “распали“ по оние кои го бранат Кариќ, тој е во притвор

Angela

После колку состаноци паровите најчесто го имаат првиот секс?

Angela