EXCLUSIVE MK
Исхрана Македонија

Продолжува повлекувањето на спорни сладоледи од пазарот

Компанијата Алма М, информираше дека од пазарот се повлекуваат уште четири типа на сладоледи. Станува збор за сладоледите од познатите марки „Сникерс“, „Боунти“ и „Твикс“.

„Причина за повлекување: Mars Wirgley повлекува некои од нашите сладоледи на македонскиот пазар. Повлекувањето се врши поради присуство на етилен оксид во состојка произведена од еден од нивните добавувачи, која го надминува дозволеното ниво според законите на ЕУ и поради тоа не се безбедни за човечка исхрана.

Ова е проблем кој го засега Mars Wirgley, како и многу други произведувачи.

Производството на готови производи од горенаведените серии е целосно стопирано.

Соодветно на законските регулативи, залихите од засегнатите производи се ставени во карантин и започнато е нивно повлекување.

Сите останати производи од Mars Wirgley, освен горенаведените серии, НЕ СЕ засегнати и се безбедени за конзумирање за потрошувачите.

Совет за потрошувачите:

Како дел од нашата силна посветеност да го обезбедиме здравјето и безбедноста на нашите потрошувачи, ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата внимателно и да ги информираме потрошвачите.

Алма М бара од крајните потрошувачите кои имаат купено од горенаведените производи и истите ги имаат на залиха, да не ги конзумираат и истите да бидат вратени во местото на продажба. Доколку истите ги вратат во местото на продажба, задолжително е да се прикаже и фискалната сметка. Бараме од потрошувачите  да ги вратат производите доколку ги имаат на залиха до 31.08.2021.

Доколку имате купено еден од продуктите наведени овде, ве молам доколку имате потреба да не контактирате преку оваа адреса: inform@effem.com.

Доколку имате било какво прашање, ве молам да го контактирате Mars Wrigley Грижа за потрошувачи на inform@effem.com.

За нас, здравјето и сигурноста на нашите потрошувачи секогаш биле и ке останат со највисок приоритет. Во контекст на горе наведеното, се извинуваме за непријатностите.“, се вели во соопштението од Алма М.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Зошто треба да јадете лимон секој ден?

Angela

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Angela

Променливо облачно со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во планинските региони

Angela