EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Италијанските медиуми: Македонија е нашиот кошмар !!!

Италија повторно не одигра на потребното ниво за да ја победи Македонија, полека но сигурно им стануваме сериозен камен на сопнување на Италијаните.

„Азурите“ се уште добро го сеќаваат натпреварот од Палермо кога ги шокиравме преку Александар Трајковски во финишот од средбата, со што ги елиминиравме од потенцијална шанса за пласман на СП, а сега и во квалификациите за ЕП им го оспоривме патот кон нови бодови.

Медиумите во Италија пишуваат дека Македонија за нив полека станува кошмар и дека по ова реми во Скопје, Европското првенство е под ризик за нив, бидејки тука е и Украина во игра за втората позиција на табелата.

Највлијателните италијански спортски медиуми „Газета дело спорт“, „Кориере дело спорт“, „Тутоспорт“… едногласно пренесуваат дека Италија одбележа „Лажен почеток на Лучијано Спалети на клупата на репрезентација“.

„Горчливо деби кое Спалети сигурно не го посакуваше. Но, очигледно е дека Македонија знае како да игра против нашата фудбалска селекција. И да бидеме реални, иако Спалети се жали на тоа, лошиот терен во Скопје не беше виновен за ремито со Македонија, туку лошата игра…. А, Македонија одигра на моменти и за победа, предводена од Енис Барди кое е вистинско богатство за тимот. Колку побрзо си погледнеме во очи и ја погледнеме реалноста без барање изговори, толку побрзо ќе може да решиме некои работи во овие квалификации ако сакаме да одиме на Европско првенство“  пишуваат италијанските медиуми.

Квалификациите се се уште на половина и има време да се поправат, но Италијаните сега се во далеку понеповолна ситуација од пред овој натпревар.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Оваа српска пејачка била најсиромашна на естрадата – се омажила за Македонец и живеела од социјална помош, денес непрепознатлива (ФОТО)

Angela

Зошто е добро да гледате порно заедно како пар?

Angela

Moderna не доби одобрување за бустер доза

Angela