EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ НАСЛОВНА Фитнес

И само 4.000 чекори дневно се доволни за подобрување на здравјето

Веќе подолго време се зборува за магичната бројка од десети илјади чекори дневно за луѓето да бидат здрави и „фит“, но ново истражување покажува дека и помалку од половина од тaa бројка би можело да бидат доволни за одржување на здравјето.

Анализата со којашто биле опфатени повеќе од 226.000 луѓе ширум светот покажала дека 4.000 чекори дневно се доволни да почне да се намалува ризикот од прерана смрт од која и да е причина. Колку повеќе чекори ќе се направат повидлива и поголема станува ползата за здравјето на поединецот, велат истражувачите. Секои дополнителни 1.000 чекори над границата од 4.000 го намалил ризикот од рана смрт за 15 отсто, сѐ до 20.000 чекори дневно.

Тимови од Медицинскиот факултет при полскиот Универзитет во Лоѓ и Медицинскиот факултет при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, откриле дека предноста на пешачењето се применува на сите полови и на секоја возраст, без оглед на тоа каде луѓето живеат. Меѓутоа, најголеми предности се воочени меѓу помладите од 60 години.

Професорот Мациеј Банаш од Универзитет во Лоѓ вели дека иако расте бројот напредни лекови, тие не се единствениот одговор за спречувањето на прераната смрт.

„Верувам дека секогаш треба да ги нагласуваме промените на начинот на живеењето, вклучително и исхраната и вежбите… би можело да бидат барем подеднакви или дури и повеќе ефикасни во намалувањето на кардиоваскуларниот ризик и продолжувањето на животот“, вели полскиот професор.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), недоволните физички активности се одговорни за 3,2 милиони смртни случаи секоја година, што е четвртата најчеста причина за смрт во светот.

Ханеј Фајн, лична тренерка и инструкторка во глобалната фитнес компанија „Barry’s“, ги истакнува проблемите кои настануваат поради предолгото седење.

„Тоа може да го забави вашиот метаболизам и да влијае врз растот и силата на мускулите, што може да предизвика болки“, вели Фајн за BBC.

Таа ја појаснува и важноста на активностите без вежбање „што со едноставен речник кажано е сѐ што правиме што користи енергија и согорува калории“.

„Задачите како стоењето, носењето продукти од купување, миењето на подот, чекорењето додека се зборува по телефон… сѐ тоа се малите нешта коишто нѐ прават активни и помагаат поефикасно да ги согоруваме калориите“, вели Фајн.

Додава и дека додавањето на редовни прошетки е исклучително важно.

„Одењето може да го намали крвниот притисок, да ги зајакне мускулите за да се заштитат коските, моќе да го зголеми нивото на енергијата и да произведе ендрофини, како и да помогне во одржувањето на здравата тежина со здрава исхрана“, вели Фајн додавајќи дека таквата активност, којашто е достапна речиси за сите, претставува полза и за ментално здравје.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Бомба“ од Франција: Се разведува еден од најпознатите парови во фудбалскиот свет

Angela

Еве како изгледа вилата на Анастасија и Немања во Севиља: Во дворот имаат огромен базен! (ФОТО)

Angela

Луѓето родени во мај се поделени во 4 групи: Еве кои особини ги красат и каков живот живеат

Angela