EXCLUSIVE MK
Кошарка НАСЛОВНА

Шоу на Јокиќ: Парадата е в четврток? О, не, требаше в четврток да бидам дома (ВИДЕО)

Србија го слави својот најголем кошаркарски син во моментов, Никола Јокиќ, а тој планираше веќе задутре да биде дома, во Сомбор, но ќе мора да причека малку и да го смени планот.

Најкорисниот играч во финалната серија беше прашан како се чувствува и дали одвај чека да се појави на парадата низ улиците на Денвер.

„Кога е парадата?“, праша Јокиќ, кој тогаш се сети дека мора да се појави на прославата.

Лицето одговорно за односи со јавностa на Нагетс му рече: „В четврток“.

Тогаш следуваше хит реакцијата на популарниот Џокер.

„О, нее. Требаше в четврток да бидам дома“, рече Србинот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Факти за парите што не сте ги знаеле

Angela

Безос ќе донира 100 милиони долари за помош на Хаваи

Angela

Инфекциите на респираторниот систем се најчесто заболување кај децата

Angela