EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Шафран – најскапиот и најмоќен зачин на светот, црвено злато меѓу зачините

Шафранот вообичаено се собира за време на  златната раноутринска светлина.

Неговиот суптилен и ароматичен вкус потсетува на медот и мосушот и може да се вклопи одлично во многу јадења. Се нарекува и крал на зачините или пак црвено злато.

Тој често е достапен како прав или влакна, а за да се добие килограм шафран потребно е да се наберат 150 000 цветови.

Неговото име води потекло од персискиот јазик, односно од зборот za’faran што значи да се биде жолт. Точното потекло на овој зачин не е познато, но се смета дека потекнува од источна Грција. Тој е споменат и во Стариот Завет и тоа како еден од најскапоцените зачини покрај темјанот и циметот.

Тој со векови се користи против различни заболувања и тоа проблеми со бубрезите, аритмија, проблеми со варењето и аритмија. Освен тоа, тој има и смирувачко дејство кај болките и грчевите, па е одличен против кашлицата и болките во стомакот. Овој зачин го јакне имунитетот, ја зголемува виталноста  и тоа благодарение на неговиот антиоксидант шафранал кој е одличен во борбата против слободните радикали. Се смета дека одлично влијае на видот и циркулацијата, а го регулира и холестерот и триглицеридите во крвта. Често се користи и како терапија против нервозата и депресивните состојби, а е одличен и за смирување пред спиењето и подобрување на сонот. Одличен е и во долгорочното подобрување на фокусот и концентрацијата и подобрување на либидото.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Освежителен Барби коктел, спој на мохито, пина колада и лимонада

Angela

Поправете ги несовршеностите на лицето

Angela

Брз ролат со банани и посни бисквити, излегува доста, а многу е вкусен

Angela