EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Убавина Шоу биз

Кејт Мидлтон во луксузно издание: Дијамантите на Дајана и копчиња од скапоцен камен (ФОТО)

Минатата сабота во Лондон се одржа традиционалната годишна церемонија во чест на актуелниот британски монарх, овој пат кралот Чарлс Втори. Церемонијата секогаш вклучува импресивна парада, а британското кралско семејство се собира на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрави насобраните граѓани.

Ова е највозбудливиот ден во годината за кралското семејство, а нивните модни изданија и однесување привлекуваат големо внимание и интерес.

Принцот и принцезата од Велс, заедно со нивните деца, како и обично беа во центарот на вниманието.

Кејт Мидлтон едноставно зрачеше во својот несекојдневен моден избор, во боја која одлично и прилега.

Оваа прекрасна Британка се одлучи за светла зелена нијанса која привлекува внимание, која совршено го истакнува нејзиниот тен и бојата на косата, претворајќи ја буквално во сјајна ѕвезда. Одамна не сме имале шанса да ја видиме во толку софистицирана и внимателно избрана комбинација.

Принцезата носеше “палто-фустан“ со средна должина, креиран од сингапурската модна куќа Andrew Gn. Оваа прекрасна креација има сатенска облога и рачно изработени копчиња од вистински скапоцен камен.

Комплетниот изглед го заокружи со дополнителни детали во иста боја – носеше прекрасна капа со машна, елегантни кожни мокасини и чанта. Носела и скапи обетки кои некогаш и припаѓале на принцезата Дијана, направени од комбинација на сафири и дијаманти.

Кејт Мидлтон уште еднаш ја покажа својата беспрекорна модна елеганција и софистициран вкус, воодушевувајќи ги сите присутни со својот изглед. Нејзиното појавување на оваа церемонија уште еднаш го потврдува нејзиниот статус на вистинска стилска икона и пример за многумина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Знаци кои откриваат дека сте ја пронашле вашата сродна душа

Angela

Криза за вода на Блискиот Исток, инвестиции за отсолување на морската вода

Angela

Во која временска зона е Месечината?

Angela