EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Светот на познатите

Сергеј Трифуновиќ приведен во Сплит: Мештаните биле уплашени од паметното куче, а полицијата навредена

Актерот Сергеј Трифуновиќ е приведен во Сплит откако граѓаните го пријавиле дека го шетал своето куче без поводник, а ним тоа им пречело, информира хрватска Слободна Далмација.

Се наведува и дека Трифуновиќ, кога пристигнала полицијата, почнал да ги навредува и омаловажува полицајците поради што е приведен.

Станува збор за куче од најпаметната раса – германски овчар, со кој Трифуновиќ постојано бил во придружба, и наводно ги игнорирал забелешките на минувачите кои се плашеле од кучето, а кои потоа повикале полиција.

Се наведува и дека тој е приведен за две кривични дела, чување животно без надзор и навреда на полицајци.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп за 9 ноември: Многу добар ден е пред вас

Angela

Не постои само еден, туку пет видови на неверство

Angela

Приватна колекција на оружје „тешка“ 1 милион долари (видео)

Angela