EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

КОЧАНИ: „Ќе изгори градот, има ли некој во оваа држава“ (ВИДЕО)

Попладнево избувнаа два пожара во ридско-планинското подрачје околу Кочани кои зафатија десетици хектари шума, нискостеблести растенија и лозови насади.

Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење.

Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

Бројни граѓани објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи кои ја покажуваат сериозноста на ситуацијата.

Видеото погледнете го ОВДЕ

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

И ПУКАЛЕ ВО СРЦЕТО ДОДЕКА НЕЈЗИНИОТ СИН И СОПРУГ ГО ГЛЕДАЛЕ ПЕКОЛОТ – инфлуенсерка убиена во автомобил, причината бизарна! (ФОТО)

Angela

Цеца во бикини ги збесна сите: Пејачката позира во жешко издание (фото)

Angela

Анастасија го прегрнува пехарот, Гудељ ја бакнува – фудбалерот објави емотивна фотографија по загубата на бебето, сите зборуваат за овој детаљ на лицето на пејачката!

Angela