EXCLUSIVE MK
Автомобили НАСЛОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Паѓа увозот на половни возила – рекорден број на нови возила

Додека во светот има проблеми со испораката на чиповите што треба да се вградуваат во новите автомобили, па некои фабрики го намалуваат производството во Македонија во јули 2021 година е забележан највисок увоз на нови возила по 18 месеци. Истовремено опаѓа трендот на увоз на половни возила чија цена последниве месеци е зголемена.

Во јули годинава, според официјалните податоци на Царинската управа на Република Македонија увезени се вкупно 3.577 возила. Тоа претставува пад во однос на претходниот месец, но и во однос на претходните пет месеци. Практично, јули, по традиционално најлошиот месец јануари, е најлош оваа година.

Аналитички, во јули се увезени 628 нови автомобили што пак претставува продолжување на трендот на зголемување на увозот на нови автомобили кој започна во април. Ова е најдобра месец според увозот од декември 2019 година.

Пад е забележан кај увозот на употребувани возила. Увезени се вкупно 2.600 што е втор најлош месец годинава, но е повеќе од јули минатата година кога беа увезени 2.397 употребувани возила.

Во јули увезени се уште и 78 нови товарни моторни возила, 250 употребувани товарни моторни возила како и 21 употребуван автобус односно минибус. Од почетокот на годината до крајот на јули, увезени се вкупно 27.492 возила од кои 3.530 се нови патнички автомобили.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Преживеаните во несреќата во Бугарија се во стабилна општа состојба

Angela

Жерар Пике пак во проблеми: „Клара е постојано намуртена и незадоволна“ (ФОТО)

Angela

Љубовта им дава сила: Овие хороскопски знаци брзо се вљубуваат

Angela