EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Свет

Петмина исчезнати во поплавите во Турција

По обилните дождови и поплавите на западот на Турција, пет лица се водат како исчезнати, меѓу кои и едно дете, јави државната новинска агенција Анадолија. Поплавите однесоа и бунгалови во одморалиштето во западната провинција Киркларели во близина на границите со Грција и Бугарија.

Обилни дождови во понеделникот го погодија и градот Мугла во југозападна Турција, а гром предизвика пожари на 36 локации, јави Анадолија. Агенцијата за справување со катастрофи АФАД прогнозираше невреме во западниот и југозападниот дел на земјата, предупредувајќи за поројни поплави, удари на гром и силен ветер.

Турција во средината на август беше погодена од топлотен бран. Температурите на исток и понатаму се над нормалните вредности за овој период од годината, додека на други места времето е стабилизирано, соопшти метеоролошката служба.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Работењето од дома ќе биде регулирано во новиот Закон за работни односи

Angela

МОН: Од 1ви до 31ви октомври втор рок за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Angela

Колку изнесува бројот на милионери ширум светот?

Angela