EXCLUSIVE MK
Исхрана

Идеја за ручек: Телешко со сос од суви сливи

Ова е рецепт за најмекото телешко месо со сос од суви сливи и вино.

Потребни состојки:

-600 г телешко месо од бут

-малку сланина

-30 г путер

-2 лажици масло

-100 г суви сливи

-2 моркови

-80 кромид

-100 мл бело вино

-една китка магдонос

-2 лажици сув зачин од билки

Начин на подготовка:

Телешкото месо исечете го на потенки парчиња и посипете го со зачин, па испржете го во загреана тава на мешавина од путер и масло.

Додадете ја сланината исечена на коцки и уште малку попржете. Додадете го исечениот кромид, ренданите моркови и сувите сливи. Додадете вода и оставете да се довари.

Извадете го месото и ставете го во чинија, а зеленчукот со суви сливи иситнете го и ставете во блендер, да добиете густ сос.

Во сосот додадете малку вода и вино, па вратете го месото повторно да се довари и соедини со сосот. Пред да послужите, посипете со исечкан магдонос.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Продолжува повлекувањето на спорни сладоледи од пазарот

Angela

ЗОШТО ДА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ФРЛАТЕ КОРАТА ОД ЛИМОН? Еве за што може да се користи

Angela

Боровинките го намалуваат ризикот од проблеми со срцето

Angela