EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Зголемената влакнавост кај жените е последица на овие болести

Зголемената влакнавост кај жените не е само естетски проблем, туку може да укаже на нарушен хормонален статус. Честопати, оваа состојба може да биде последица на одредени болести, како и причина за стерилитет.

Ендокринолозите велат дека зголемената влакнавост кај жените настанува поради зголемено производство на машките хормони или поради зголемена чувствителност на лојните жлезди и фоликулите на косата на овие хормони.

Причината за нарушување на хормоните или реакцијата на организмот на нивното присуство се најчесто полицистично модифицираните јајчници, а можни причини се и болестите како што се вродени дефицити на ензимите, тумори на јајчниците и надбубрежните жлезди.

Иако зголемената влакнавост може да укажува на најголем број жени со сериозни заболувања, најпрво е потребна помош од дерматолози и гинеколози, затоа што покрај интензивираната влакнавост, тие имаат и акни, им опаѓа косата, имаат нередовни менструации и чести проблеми со зачнувањето.

Поради својата сложеност, нарушувањата на хормоните бараат мултидисциплинарен пристап во поставувањето на прецизна дијагноза, откривање на причините, а потоа и лекување.  Ендокринолог, гинеколог и дерматолог, а понекогаш и други лекари специјалисти, учествуваат во работата со пациентката.

За да се започне лекувањето на интензивирана влакнавост и придружни здравствени нарушувања неопходни се детална анамнеза и бројни прегледи. За изборот на терапија важно е лекарот да знае кога се настапила првата менструација, редовноста и обилноста на циклусот, времето на појавата на акните, зголемената влакнавост и опаѓањето на косата, велат ендокринолозите. Исто така е важно да се утврди дали има дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар во потесното и поширокото семејство. Потоа следуваат и анализата на крвта и хормоните, ендокринолошките тестови и ултразвучниот преглед на јајчниците.

Со методите на лекување кои се на располагање денес, може значително да се намали зголемената влакнавост, во најголем број случаи целосно да ги елиминираат акните, да го стабилизираат и понекогаш да го поправат опаѓањето на косата, да ѝ помогнат на жената да ја оствари посакуваната бременост. За да биде успешно лекувањето, неопходно е жената навреме да се обрати кај лекар и да има разбирање и трпение дека лекувањето е долготрајно, понекогаш повеќегодишно, во поедини случаи и до крајот на животот.

Таблетите за контрацепција обично се првиот терапевтски метод во лекувањето на зголемената влакнавост и другите придружни проблеми. Сепак, како што советуваат ендокринолозите тие треба да се пијат само по совет на гинеколог и ендокринолог, а никако по препорака на дерматолозите и козметичарите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

На Пике му се „подоги“ САД, шпанските медиуми велат дека таму е неговата стара љубов: Еве која е таа и премногу е слична на Клара Чиа!

Angela

Страшна симулација на верижен судир: Автомобил меѓу два камиони (ВИДЕО)

Angela

Кралско испраќање за Кире Лазаров

Angela