EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина

Лек за дијабетес тип 2 драстично ја намалил тежината на луѓето

Тирзепатид, лек за дијабетес тип 2, неодамна одобрен од американската Администрација за храна и лекови (ФДА), може да им помогне на дебелите возрасни кои немаат дијабетес да ослабат, покажало новото истражување на меѓународен тим на научници.
Ефектот на лекот бил проучуван во период од 72. недели кај повеќе од 2.500 дебели луѓе кои не страдале од дијабетес. Испитаниците биле поделени во четири групи, едната примала плацебо, а другите три земале различни количини од лекот еднаш неделно: 5, 10 и 15 милиграми.
Учесниците во студијата кои земале доза од 5 милиграми изгубиле во просек околу 16. килограми во текот на тој период, оние кои земале доза од 10 милиграми изгубиле во просек 22. килограми, а учесниците кои примиле доза од 15. милиграми изгубиле во просек околу 23,6 килограми. Испитаниците од групата која примала плацебо инјекција изгубиле во просек по 1 килограм.

Тирзепатид делува на тој начин што имитира хормони кои им помагаат на луѓето да се чувствуваат сити после оброк или со дејство на два природни хормони кои му помагаат на мозокот да испрати сигнал за ситост до телото. Експертите веруваат дека тоа би можело да биде исто толку ефикасно како операцијата што се изведува на дебели пациенти.

„Околу деведесет проценти од луѓето во студијата изгубиле тежина, а просечното губење на тежината при највисока доза беше 22,5 проценти, што досега не сме го виделе во ниту една слична студија“, рекол коавторот на студијата, д-р Анија Јастребоф, вонреден професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил.

„Резултатите од студијата претставуваат значителен напредок во потенцијално проширување на ефективни терапевтски опции за луѓето кои се борат со дебелината“, рекол Јастребоф.

Студијата покажала дека подобрувања се забележани кај речиси сите учесници во студијата кога станува збор за нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок и нивото на холестерол.

Најчестите несакани ефекти биле гадење, дијареа и запек, но генерално сите биле благи до умерени, рекол Јастребоф, додавајќи дека учесниците во студијата можеле да ја задржат истата телесна тежина во текот на 72-неделниот период на студијата.

„Дебелината е хронична болест која може да се лекува. Би можеле да ја третираме како и секоја друга хронична болест – со ефективни и безбедни пристапи кои ги таргетираат механизмите на основната болест, а овие резултати се доказ дека тирзепатидот делува на тој начин“, рекол Јастребоф, објаснувајќи дека пациентите можеби ќе треба да останат на терапија со овој лек на неодредено време.
„Но, ако мислиме дека дебелината е хронична болест, тогаш зошто да се лекува хронична болест само 72. недели“, прашал научникот.
Тирзепатид е лек од фармацевтската компанија „Ели Лили“, а во САД бил одобрен за третман на дијабетес тип 2 во средината на мај. ФДА потоа утврдила дека лекот со правилна исхрана и физичка активност успева да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта кај возрасните со ваков тип на дијабетес.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието „New England Journal of Medicine“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Летни овошја кои го закрепнуваат организмот

Angela

Помалку познати работи за храната што ја јадеме

Angela

Уролог предупредува: Оваа обврска по сексот ниту една жена не треба да ја прескокнува

Angela