EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Витаминот Д и омега-3 помагаат кај старите лица против корона-зараза

Редовното внесување на витамин Д и омега-3 киселини го зајакнува имунолошкиот систем кај постарите луѓе, до тој степен што може да им помогне да не се заразат со коронавирусот. Ова, според неодамнешно истражување на Универзитетот на Цирих, Швајцарија.

Овие додатоци може да се најдат, на пр., во рибиното масло. Научниот труд посочува дека земањето на такви намирници значително го намалува ризикот од зараза со коронавирусот, а доколку се појави болеста, човекот има многу поголеми шанси за закрепнување.

Проф. Хајке Бишоф-Ферари, кој ја водеше студијата, истакна оти земањето на овие додатоци е од големо значење за постарите луѓе.

– Нашето истражување покажува дека витаминот Д и омега-3 киселините кај лица со над 70 години, кои водат активен живот и немаат истовремено други болести, немаат „истрошени“ коски, помнење и моторни функции, се делотворни. Веруваме дека тоа има добро влијание при зарази, како што е Ковид-19, вели професорот.

Во испитувањата се вклучени 2.157 здрави мажи и жени постари од 70 години. Околу 11 насто од нив беа поотпорни на инфекции.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Брз ролат со банани и посни бисквити, излегува доста, а многу е вкусен

Angela

Сигурно не сте го знаеле овој трик за мелено месо: Користете мраз за да биде сочно!

Angela

Со какво мени до долговечност?

Angela