EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Дали треба да се крстиме кога со возило или автoбус минуваме покрај црква?

И онеи кои возат и оние кои се во градски автобус – сè почесто можеме да забележиме луѓе кои се крстат кога поминуваат покрај црква. Некои сметаат дека оваа акција нема никаква врска со верата и поврзувањето со Бога, па дури и го сметаат овој чин како примитивизам, додека други го сметаат како израз на почит кон светото и религијата.

Се поставува прашањето дали ова е помодарство или вистински христијански чин.

Мислам дека таквиот чин е апсолутно христијански. Кој чувствува потреба на овој начин да му се приближи на Бога, макар и само за момент, не прави ништо лошо. Крстот има две „линии“. Хоризонталните и вертикалните линии ја претставуваат и ја симболизираат љубовта кон Бога, вели за „Дневно“ свештеникот Саша Ѓурѓевиќ.

Според социологот Ратко Божовиќ овој чин е еден вид невербална комуникација, навика и механичка реакција.

Јас сум на мислење дека тоа е форма на навика или механичка реакција. Младите порано не го правеа тоа, а сега ги гледаме како масовно се крстат на јавно место. Тоа сигурно го виделе од постарите. Сепак, верувам дека кај поединци сè почнува од внатрешните чувства. Многумина на овој начин ја покажуваат својата љубов кон Бог. Тоа е еден вид емпатија, чувствителност, емоции… Значи, кај едни е манир, а кај други внатрешно чувство, објаснува социологот.

Иако мислењата на граѓаните за луѓето кои се крстат додека минуваат во близина на црквата се поделени, факт е дека тоа е индивидуален чин кој никого не загрозува, и не треба на никого да му пречи

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кој е најчестиот хороскопски знак?

Angela

ОВАА магична реченица ќе ви ја спаси врската или бракот, ја завршува секоја расправија

Angela

Хрватска порно глумица за пожали: Снимаме три часа за еден час добар филм

Angela