EXCLUSIVE MK
Медицина НАСЛОВНА

Рокот не е единствена гаранција: Еве како да препознаете дали може да ја користите кремата за сончање од лани

Доколку имате стара крема за сончање би требало добро да ја проверите пред да ја понесете со себе на одмор.

Британскиот дерматолог Мервин Патерсон открил дека освен наведениот рок на траење постојат неколку знаци кои можат да ви откријат дека кремата не смеете да ја користите повеќе.

„Доколку приметите промена во мирисот и текстурата на кремата, во таков случај без оглед на рокот стиснат во амабалажата, подобро ви е да си купите нова“, истакна докторот.

Дерматолозите велат дека иако овие креми имаат рок на траење до една година, треба да внимавате освен што сонцето ќе ве изгори, ќе ви се појави и иритација на кожата.

За да го продолжите векот на вашите креми докторот советува да ги чувате на ладни места на кои нема да бидат во контакт со сончевата светлина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сите желби ќе им се остварат: Три хороскопски знаци наскоро ќе можат да си го променат животот

Angela

ВИДЕО: Приватни снимки од Вилијам и Кејт, погледнете како изгледаше крунисувањето на Чарлс зад сцената

Angela

Го вратила за да и направат соодветни обетки и повеќе никогаш не го добила – историскиот ѓердан на принцезата Дијана оди на наддавање

Angela