EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

ЛЕСНА, ВКУСНА И ЗДРАВА ВЕЧЕРА! Направете маринирани тиквички со сирење – ќе уживате во секој залак!

Кога станува збор за вечера, ви предлагаме лесен оброк од маринирани тиквички, кои ќе ги задоволат сите ваши сетила

Состојки:

две лажици бел вински оцет
две лажици сок од лимон
две чешниња лук
две лажички мајчина душица
третина од чаша маслиново масло
800 гр тиквички
250 гр фета сирење
сол, бибер

Измијте ги тиквичките и исечете ги на подебели прстени. Во сад измешајте маслиново масло, оцет, сок од лимон, мајчина душица, издробен лук, лута пиперка, сол и бибер. Додадете ги тиквичките и оставете да се маринираат 45 минути. Потоа печете ги на скара или во грил тава, по три до четири минути, од секоја страна. Префрлете ги во соодветен сад, прелијте со малку маринада, посипете со изронета фета и послужете веднаш.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Рокот за собирање потписи за независните истекува на полноќ

Angela

Дневен хороскоп – овој знак го очекува промена на љубовен план, а овој особено да не ја пропушта шансата на ова поле!

Angela

Работи кои мажот би требало да ги направи кога жена ќе иницира контакт со очи

Angela