EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Што се случува со телото кога внесуваме премногу протеини?

Без разлика дали се обидуваме да ја намалиме тежината или да ги зголемиме мускулите, протеините се особено важни за двата процеси и за нешто здравје. Очигледно е дека протеините му се многу потребни на организмот. Но, количината којашто ја внесуваме е подеднакво важна.

Генерално, ова зависи од возраста, полот и нивото на физичка активност. Максималната дневна доза изнесува околу 3,5 gr протеини по килограм телесна тежина.

Ова секако важи за сериозни спортисти кои го подложуваат своето тело на напорни вежби и екстремна физичка активност. За сите останати, разумната доза на дневен внес на протеини изнесува помеѓу 45 и 55 gr.

Прашањето е – што се случува доколку ја надминеме дневната доза на протеини? Еден од најблагите и најчестите несакани ефекти е подуен стомак и тврда столица. Бидејќи прекумерната потрошувачка доведува до проблеми со варењето.

Доколку претераме со внесот на протеини, го оптоваруваме дигестивниот систем и тој почнува да работи побавно поради тешкотиите со варењето. Резултатот е необјаснива исцрпеност, иако овие вредни хранливи материи се одлично гориво за телото.

Чувството на дехидрираност исто така не е за потценување, а многумина го препишуваат на недоволно пиење вода. Ова секако не е исклучена опција, но зголеменото количество на протеини исто така придонесува за зголемено ослободување на вода од нашето тело.

Прекумерната потрошувачка во комбинација со минимална количина на јаглени хидрати предизвикува состојба на кетоза. Ова најчесто е причината за лош здив, кој, за жал не може да се изгуби со обично четкање на забите.

Еден од најчестите митови во исхраната е дека колку повеќе протеини внесуваме, толку побрзо и поефикасно ќе ослабиме. Всушност, се случува спротивното при прекумерен внес, нашето тело почнува да ги складира.

Црвеното место, иако е сериозен извор на протеин, е директно поврзани со ризикот од кардиоваскуларните заболувања и рак.

Поради сите овие причини не претерувајте со внесот на протеини и консултирајте се со стручно лице пред да започнете со ваков начин на исхрана. Не заборавајте дека клучот е секогаш умереноста.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Помалку познати работи за храната што ја јадеме

Angela

Пудинг колачиња од чоколадо и ванила

Angela

Први симптоми кои откриваат дека имате една од опасните болести

Angela