EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина

Први симптоми кои откриваат дека имате една од опасните болести

Ви донесуваме преглед на симптомите на дијабетес, Алцхајмерова болест, карцином, срцеви заболувања и секако, ковид-19.

Лекарите секогаш истакнуваат колку е важно да се знае кои симптоми откриваат некоја опасна болест бидејќи во тој случај се брои секоја минута. Ви донесуваме преглед на симптомите на дијабетес, Алцхајмерова болест, карцином, срцеви заболувања и секако, ковид-19.

Profimedia

1. Први симптоми на дијабетесот
Ова се типични симптоми, сепак, некои нема ниту да ги забележат, бидејќи кај нив ќе се појават во блага форма
– Често уринирање
– Постојана жед
– Интензивна глад без оглед што сте јаделе
– Силен замор
– Замаглен вид
– Красти или рани по телото што не зараснуваат
– Губење на килограмите
– Трнење или болка во рацете или стапалата
Ако ги забележите, обратете се кај лекар.

2. Први симптоми на Алцхајмеровата болест
Симптомите се делат во три фази. Во раната фаза, главен симптом е промена во помнењето, па така на пример, лицето кое е во почетна фаза на болеста може да забележи:
– Заборавате неодамнешни разговори или случувања
– Заборавате каде сте ставиле нешто
– Заборавате имиња, места и предмети
– Имате проблеми со размислувањето или пронаоѓањето зборови
– Често поставувате прашања
– Лошо проценувате или тешко донесувате одлуки
– Помалку сте флексибилни и не сакате да испробувате нови работи
Присутни се и чести промени на расположението, анксиозност или лутина, како и периоди на целосна конфузија.

3. Први симптоми на рак
„Повеќето знаци не се предизвикани од самиот рак, туку од другите работи. Ако имате симптоми коишто не поминуваат подолго време или само се влошуваат, мора да посетите лекар и да откриете за што се работи“, стои во соопштението на Американското здружение за рак. На пример, лимфните јазли ќе го спречат продорот на штетните материи во организмот, и обично се мали, па ако одеднаш се зголемат, може да се работи за инфекција и воспаление, па дури и за рак. Ако имате необичен јазол или израсток на кожата или под неа, секако обратете се кај лекар.
Овие симптоми мора да ги запомните бидејќи може да се поврзат со ракот, но и со другите состојби:
– Замор кој не престанува ниту по одмор
– Губење килограми без јасна причина
– Проблеми со храната – губење на апетитот или проблеми со голтањето
– Отечени лимфни јазли
– Јазол на дојката или на некој друг дел од телото
– Болка, особено нова која се јавува без причина и не поминува
– Промени на кожата – нова бенка, рани што не зараснуваат, отоци, чирови кои не поминуваат
– Кашлица што не поминува
– Необично крвавење без причина
– Промени во работата на меурот – болно уринирање, крв во урината или често и ретко уринирање
– Температура
– Главоболки
– Проблеми со видот и со слухот
– Промени во устата

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Неочекувани предизвикувачи на главоболка

Angela

Дијареја – како да си помогнете?

Angela

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Angela