EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Слатка зимница со вкус на карамела

Зимницата најчесто има миризба на зеленчук. За оваа зима предлагаме рецепт на овошна зимница која мириса на карамела.   Состојки: 2 кг. јаболка 400 гр. шеќер 2 x 125 мл. вода 2 x 15 мл. сок од лимон 1 лажичка сол 1 кесичка ванилин шеќер 50 мл. рум (или 2 кесички ванилин шеќер со вкус на
рум)

Подготовка: Излупете ги јаболката, исечете ги на четири дела и ставете ги во тенџере. Потоа додадете сок од лимон и вода. Покријте ги и варете околу 20 минути додека не омекнат. Омекнатите јаболка исцедете ги, а потоа смелете ги во пире. Во што е можно пошироко тава ставете 300 гр шеќер, додадете вода и 1 лажица сок од лимон. Потоа оставете да се вари. Кога ќе почне да добива жолта боја која наликува на карамел, додајте го пирето од јаболка во садот. Додадете го остатокот од шеќер, како и ванилиниот шеќер, а потоа мешајте постојано уште 10, 15 минути на ринглата. Џемот е готов кога ќе повлечете со лажицата, зад неа да останат чисти линии.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Која е вистината, зошто дел од жените носат прстен на ланче

Angela

Интересни факти кои веројатно не ги знаете за машкиот оргазам

Angela

АНАСТАСИЈА СКРИШУМ ГО СНИМАШЕ ГУДЕЉ: Сите гледаа во неговата глава, фудбалерот без ниту едно влакно на косата – видеото каде е ќелав тешко да и го прости!

Angela