EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

БОМБА ОД ВИТАМИНИ: Совршена свежа салата со тиквички

Тиквичките ги има во сите сезони. Но, сега во лето, на пазарите можеме да најдеме свежи домашни тиквички, од нашето поднебје, а не увозни. Рецепти со нив има многу, како пржени во масло, похувани во јајца и презла, тиквички на скара, чипс од тиквички…

Ова е сосема една поинаква верзија на салата од тиквички, со свежи термички необработени, токму онака како што е најздраво.

Потребни состојки:


2 тиквички исечени на тенки ленти
4 лажица маслиново масло
1 лажиче изрендана кора од лимон
2-3 лажица лимонов сок
2 чешниња лук,
неколку сецкани зелени и црни маслинки
2 лажица рендан пармезан
малку сецкани ореви
сол по вкус

Начин на подготовка:
Помешајте го маслиновото масло, сокот од лимон, лимоновата кора, лукот и оревите. Тиквичките се остават да се маринираат во смесата околу 10-15 мин. Сервирајте со пармезанот и маслинките.
Брзо и едноставно, а вкусно! Пробајте, нема да згреште!

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Емина Јаховиќ откри со која колешка имала проблем во соработката: Полесно е да соработувам со целиот свет, отколку со неа!

Angela

Кои половни авомобили најмалку губат на вредност?

Angela

ТВЕРКАШЕ СО ЗАДНИКОТ, ПА ДОБИ ЧАША ВО ГЛАВА – додека мажите се ѕвереа, очигледно љубоморна девојка предизвика хаос во преполна дискотека (ВИДЕО)

Angela