EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Инфекциите на респираторниот систем се најчесто заболување кај децата

Инфекциите на респираторниот систем може да се поделат според повеќе критериуми: место на инфекцијата, причинител, времетраење на болеста и компликации.

Во што е проблемот?

Децата најчесто заболуваат од инфекции на горните дишни патишта (настинка, воспаление на синуси, уво и грло). Овие инфекции генерално не се сериозни, но ако често се повторуваат и се долготрајни, може да го нарушат квалитетот на живот кај детето. Воспаленијата на долните дишни патишта (душник, бронхии и бели дробови) опфаќаат само 5% од сите инфекции на респираторниот систем.

Времетраењето и честост на респираторни инфекции кај деца:

Во зависност од времетраењето, инфекциите на респираторниот систем може да се поделат на акутни инфекции, повторувачки (чести) акутни инфекции, хронични инфекции кои траат повеќе од 3 месеци.

Честост на респираторни инфекции кај деца:

  • Мали деца (1–5 години): до 10 инфекции годишно
  • Мали деца во градинка: до 15 инфекции годишно
  • Големи деца (6–12 години): од 5 до 8 инфекции годишно

Познати се два показатели за појава на овие инфекции:

  • возраст помеѓу 6–12 месеци – детето ги »потрошило« заштитните антитела кои ги добива од мајката пред раѓањето, а сеуште не ги развило сопствените антитела
  • прв контакт на детето со други деца (градинка, училиште) – постои висока изложеност на разни заразни болести кои ги имаат другите деца од групата

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

На кои дигитални правила треба да се придржувате доколку сте во врска

Angela

Работи кои се смртоносни исто како пушењето

Angela

ЗАРАБОТУВА ВРТОГЛАВА СУМА НА ПАРИ – новиот бизнис на Беквалац очигледно се исплати, кога ќе прочитате колку заработила само за еден месец и вие ќе се „фатите за работа“!

Angela