EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Убавина

КАКО ДА ИМАТЕ УРЕДНА ФРИЗУРА ШТО ПОДОЛГО? Дознајте кои се најчестите грешки што ги прават жените кога ја средуваат косата!

За убава и уредна фризура вреди да се вложи труд, иако многу жени прават почетнички грешки во нејзината нега.

Времетраењето на фризурата секако зависи од тоа каква коса имате, и од тоа какви производи користите.

Фризерите велат дека постојат неколку типични, вообичаени грешки што ги прават многу жени.

Често се прави грешка при изборот на шампон. Треба да ја запознаете вашата коса и да и го дадете она што и треба. Истражувајте внимателно кој шампон е најдобар за вашата коса. Пробајте неколку од нив и одберете го оној кој најмногу ви одговара.

Имајте на ум дека шампоните кои имаат регенератор не се секогаш најдобриот избор и дека треба да се менуваат од време на време.

Доколку сте почнале да користите разни препарати, но сепак не можете да ја задржите фризурата, тогаш голема е можноста да не сте ја исушиле добро со фен. Стилистката Лиза Лаудат објасни во интервју за „Cosmopolitan“:

– Луѓето грешат кога ја сушат косата со фен кога е мокра, немаат трпение да чекаат целосно да се исуши, па почнуваат да ја стилизираат додека се уште е малку влажна. Тогаш косата може да се скрши или да испука на врвовите – вели Лиза.

Таа препорачува да ја миете косата навечер за да може целосно да се исуши преку ноќ.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп (03.12.2021)

Angela

Лорин не е единствената која победила на Евровизија двапати – овој пејач го направил истото, кога ќе го слушнете неговиот хит се ќе ви стане јасно! (ВИДЕО)

Angela

Дневен хороскоп за 29 октомври: Сочувајте го оптимизмот

Angela